(Видео) Андоновска: Судиите понесени од моќта, затвораат луѓе за кражби на ќебапи, а деликвентите ги пуштаат на слобода

Поединци во судството го деградираат неговиот кредибилитет, и ја уништуваат довербата на граѓаните во системот, истакна на прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. „Секој ден сведочиме на пресуди кои се правни преседани, и кои немаат никаква правна основа, туку се темелат единствено на судската корумпираност и компромитираност. Еден таков случај е и пресудата за поправен дом за Васил Јованов убиецот на …

Continue Reading

Објавен огласот за избор на најуспешен оризопроизводител на општина Кочани

Организацискиот одбор на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во соработка со Одделението за јавни дејности во Општина Кочани  го објави огласот за избор на најуспешен оризопроизводител на општина Кочани. Право на учество во постапката за доделување на оваа награда имаа земјоделците жители на општина Кочани, чијшто имот се наоѓа на територијата на општина Кочани,  и кои се регистрирани или евидентирани …

Continue Reading

Кривични пријави за поранешни директори и заповедник во затворот во Струмица: им давале одмор и излези на осуденици без да ги исполнуваат условите

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.Ц.(41) од Струмица, поранешен директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, В.М.(36) од Струмица, поранешен вршител на должноста директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица и В.Т.(42) од Струмица, заповедник на затворска полиција во Казнено-поправната установа Затвор Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба …

Continue Reading

Серија напади во Скопје: тепачки на автобуска и пред клиника, мајка нападната од ќерка

Вчера во Скопје се регистрирани неколку инциденти во кои бил нарушен јавниот ред и мир со физички пресметки и напади. Околу 18:10 часот на автобуска постојка во општина Аеродром, по претходна расправија, дошло до тепачка меѓу 35-годишниот Б.С. од Свети Николе и двајца скопјани – Н.Ц. (45) и О.Ц. (40). Во 10:50 часот, во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, …

Continue Reading

Пијан возач сакал да побегне, а потоа ја нападнал полицијата

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С.(20) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 29.06.2025 во Штип, пријавениот управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 0,84 промили алкохол во крвта, а по издадена наредба од полициски службеници за исклучување од сообраќајот, се …

Continue Reading

Опожарени возила во Скопје: од пожарот оштетени и објекти

Утрово во 03:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Дичо Петров“ во Скопје било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со словачки национални ознаки, сопственост на В.Д.(41) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „голф“ со бугарски национални ознаки, како и дел од фасада од станбена зграда и дел од продажен објект. Од страна на Бригадата за …

Continue Reading

38-годишен скопјанец најден починат во домот во Кисела Вода

Во полициската станица во Скопје вчера, на 24 септември, околу 18:16 часот, било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Кисела Вода починал 38-годишниот К.К. од Скопје. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција со цел да се утврдат причините …

Continue Reading

ДУИ: Извртување на тезите на Ахмети, Македонија е унитарна држава

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро реагира на, како што ги нарече, „тенденциозните наслови и интерпретации“ во дел од медиумите поврзани со синоќешната изјава на нејзиниот лидер Али Ахмети. Од партијата велат дека се работи за „скандалозна, неодговорна и поттикнувачка злоупотреба и извртување на јасната и недвосмислена порака“ на Ахмети, при што категорично отфрлаат дека станувало збор за повик за …

Continue Reading

Го нападнал татко си за пари: семејно насилство во Гостиварско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.С.(47) од гостиварско село. Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“. Имено на 06.08.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му одзел пари.

Continue Reading