Путин ѝ додели руско државјанство на поранешната помошничка на Бајден која го обвини за сексуално злоставување

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ѝ додели руско државјанство на Тара Рид, поранешна помошничка на американскиот претседател Џо Бајден, која го обвини за сексуален напад. Одлуката беше објавена со декрет на официјалната веб-страница на Кремљ синоќа, објави Kyiv Independent. Рид работела како помошничка во канцеларијата на Бајден во раните 1990-ти, кога тој бил сенатор. Во 2020 година, за време на …

Continue Reading

Почина Никола Пилиќ, еден од највлијателните луѓе во тенисот

Познатиот тенисер и тренер Никола Пилиќ почина на 87-годишна возраст во Риека, објавува ХРТ. Никола Пилиќ го промени светскиот тенис, ги постави темелите на АТП – Светската тениска организација. Тој ги иницираше промените што доведоа до професионализација на овој спорт. Како тренер, Пилиќ менаџираше бројни врвни тенисери, а беше и еден од клучните луѓе на почетокот на големата кариера на …

Continue Reading

Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив, наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши, вели семејството Ристовски

Семејството на Теодора Ристовска преку писмено сооопштение извеси дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд во Тетово за двегодишната затворска казна за Менсур Пајазити. Обраќањето го пренесуваме во целост. „Ние, семејството на Теодора Ристовска, со длабока болка и бес ја известуваме јавноста: Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд во Тетово, со која …

Continue Reading

Таткото на Јамал бесен по изборот за Златната топка: Се случи нешто чудно

Таткото на фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал (18), Мунир Насрауи, не го криеше своето разочарување откако неговиот син заврши втор на гласањето за Златната топка, која му припадна на Усман Дембеле. Тој го изрази своето незадоволство во неколку наврати по церемонијата на доделување на наградата, пишува „Марка“. Веднаш по објавувањето на победникот, Насрауи, минувајќи низ зоната со шпанските новинари, кратко …

Continue Reading

„Судството со скандалозната условна казна за докторката од Онкологија покажа дека му служи на друштвото на Заев, Филипче и уште неколкумина од СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат исклучиво под диктат. И тоа под диктат на СДС и ДУИ. Правосудниот систем никако не е располжен да донесе пресуда во корист на обичните граѓани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „За ова говори и последната судска одлука, онаа за докторката Мери Пешевска од Клиниката за онкологија и радиотерапија која е …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: По Апасиев, Мециновиќ и Мојсоска, дали и Крмов бил сметководител на партијата Левица?

„Паднаа маските на Левица позади кои грчевито се обидуваа да се претстават кај народот како скромни и неподмитливи, додека од сметката на партијата испумпувале парични средства по разни основи и завршиле на личните трансакциски сметки кај тесното раководство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „По Апасиев кој над 700 илјади денари ставил во сопствениот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги …

Continue Reading

Уште три европски земји ја признаа Палестина

Премиерите на Луксембург, Малта и Монако официјално ја признаа државата Палестина вчера на Генералното собрание на Обединетите нации. „Ова е почеток на обновена посветеност на надежта, дипломатијата, дијалогот, коегзистенцијата и решението за две држави. На идејата, кревка, но сепак можна, дека мирот може да преовлада“, изјави премиерот на Луксембург, Лук Фриден, пред Генералното собрание на ОН. „Постојат моменти во историјата …

Continue Reading

(Фото) Герасимовски чистеше со хигиеничарите на повеќе локации низ Центар: Се надевам дека градската власт ќе се свести

Синоќа, до доцна по полноќ, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со екипите на општинските хигиеничари го расчистуваа натрупаниот смет околу контејнерите во повеќе локации во Центар, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје повторно потфрлија и го оставија цело Скопје, не само Центар затрупано во смет. „Да не дозволиме сето она што не го прави комуналното претпријатие и неговата негрижа да …

Continue Reading

Филмовите на Манчевски во Индија, Париз и Хрватска

Три филмови на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски, деновиве имаат проекции на разни меридијани. Најпрвин „Кајмак“ беше прикажан во Калкута, Индија, на 9 септември, како дел од Европскиот филмски фестивал. „Прашина“ се прикажува овој месец и идниот месец во повеќе градови низ Хрватска во организација на македонската Кинотека. „Пред дождот“ ќе биде прикажан во Париз на Универзитетот Сорбона Нувел во …

Continue Reading