(Видео) Нереди на протест за Газа во Милано, повредени 60 полицајци
Протестот во поддршка на Газа во Милано ескалираше во насилство, при што беа повредени околу 60 полицајци, од кои 23 се хоспитализирани, а 12 демонстранти добиле медицинска помош. Приведени се најмалку 10 лица. Нередите избувнаа кај Главната железничка станица, каде што демонстранти облечени во црно се обидоа насилно да влезат во метро-станицата. Беа користени апарати за гаснење пожари, шишиња, канистри …
Continue Reading
„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска ja откупи National Geographic
Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска е откупен од National Geographic Documentary Films, еден од најпрестижните светски дистрибутери на документарни остварувања. Со ова, првпат македонски филм станува дел од глобалниот каталог на National Geographic и ќе биде прикажан пред публика во над 170 земји, вклучително и преку платформата Disney+. Покрај договорот со National Geographic, правата за дистрибуција …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова во Њујорк: Време е кормилото на ОН да му го довериме на жена
Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанок на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жените. Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова истакна дека иако Пекиншката декларација останува темел на борбата за родова еднаквост, напредокот е нееднаков, кревок и често реверзибилен. „Насилството врз жените останува неказнето, …
Continue Reading
Скопјанец ја турнал мајка си, ја давел, па кршел саксии по дворот, Обвинителството бара притвор
Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен маж од Скопје, осомничен дека извршил телесна повреда врз својата мајка, во инцидент што се случил на 21 септември во семејниот двор на улицата „Славејко Арсов“. Според истрагата, осомничениот на висок тон барал пари од своите родители. Неговиот татко, вознемирен, го напуштил дворот, но синот продолжил да ѝ се обраќа на мајка си со …
Continue Reading
ДИК со податоци: Пет отфрлени листи за градоначалници
Според податоците добиени од Државната изборна комисија, за претстојните локални избори се потврдени вкупно 861 кандидатска листа – 303 за градоначалници и 558 за членови на советите на општините и на Град Скопје. Во тек е постапка за отстранување на неправилности кај дел од листите во општините Куманово, Аеродром, Карпош и во Град Скопје. Според податоците, 8 листи за градоначалници …
Continue Reading
Хаос во еквадорски затвор: Затвореници со бомба, мртви и бегство низ ѕид
Најмалку 13 затвореници и еден чувар загинаа, а 14 лица се повредени во жесток судир меѓу ривалски банди во затворот во градот Мачала, на југозападот на Еквадор. Според полицијата, судирот почнал кога затворениците упаднале во едно одделение, земале чувари како заложници и убиле еден од нив. Потоа членовите на бандата „Лос Лобос Бокс“ (Los Lobos Box) нападнале ривалска група. По …
Continue Reading
Минатото лето повеќе од 62.700 смртни случаи во Европа поради топлината
Топлината предизвика повеќе од 62.700 смртни случаи во Европа минатата година, кои се поврзани со невообичаено високите температури и влажност, што е зголемување од речиси 25 проценти во споредба со 2023 година, покажуваат резултатите од студијата на Институтот за глобално здравје во Барселона (ISGlobal), објавени денес во списанието „Нејтр медицин“. „Повеќе од 181.000 смртни случаи поврзани со топлината се регистрирани …
Continue Reading
Две болници во Газа затворени поради израелската офанзива
Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека две болници во градот Газа – детската „ал-Рантиси“ и болницата „Eye“ – престанале со работа поради штетите од израелското бомбардирање и напредувањето на копнената офанзива. Според властите, здравствениот систем е намерно цел на нападите, што го прави речиси невозможно пациентите и ранетите безбедно да стигнат до болнички објекти. Израел сè уште не …
Continue Reading
ЕУ подготвува „ѕид против дронови“ без Унгарија и Словачка
Европската унија подготвува иницијатива за заштита на источната граница од дронови, но на првичниот состанок нема да учествуваат Унгарија и Словачка. Видеоконференцијата, закажана за 26 септември, ќе ги обедини седум земји од источниот дел на ЕУ – Естонија, Латвија, Литвa, Финска, Полска, Романија и Бугарија – како и Украина. Според Европската комисија, разговорите се поттикнати од неодамнешни инциденти со дронови …
Continue Reading