Египет: Златна нараквица стара 3.000 години продадена и стопена за 3.400 евра
Само неколку дена откако египетските власти објавија дека ретка златна нараквица стара 3.000 години исчезнала од лабораторијата за реставрација во Египетскиот музеј во Каиро, полицијата објави дека потрагата завршила трагично. Според CBS News, ретката нараквица била украдена од вработена во музејот која ја продала за помалку од 4.000 долари (3.406 евра), а потоа била стопена и засекогаш изгубена. Министерството за …
Continue Reading
Муцунски на средба со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу
Во рамки на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба во Стејт департментот со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу. „На средбата се разговараше за постигнувањата во изминатите 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, стратешкото партнерство, политичката и …
Continue Reading
Три руски воени авиони влегоа во естонскиот воздушен простор, реагираше НАТО
Воздушниот простор на Естонија, членка на НАТО, денес беше нарушен од три руски воени авиони, објави владата на земјата, во услови на сè понапнати околности на источното крило на алијансата. Инцидентот се случи нешто повеќе од една недела откако повеќе од 20 руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор во ноќта меѓу 9 и 10 септември, од кои некои …
Continue Reading
Изложба „Поглед кон далечина обоена сино“ во Центар-Јадро
На 20 септември (сабота) во 12.00 часот ќе биде отворена изложбата „Поглед кон далечина обоена сино“ заедно со Дарко Алексовски во КСП Центар-Јадро. На оваа прошетка уметникот ќе зборува за развивањето на идеите кои ги собраа различните, досега неизложувани дела во една целина, како и за теориските и референците од историјата на уметноста. Средбата ќе биде од неформален карактер, а …
Continue Reading
Викендов сончево и топло време
Утре наутро ќе биде ведро и посвежо, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а …
Continue Reading
Пукал со пиштол и удрил во полицаец со автомобил, истрага против жител на струшко Велешта
Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, Предизвикување општа опасност и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста – за овие кривични дела Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага против 34-годишен жител на Велешта. Осомничениот, на 16 септември, при расправија со три лица од Дебар со кои имал од претходно влошени односи, извадил пиштол …
Continue Reading
Викендов посебен сообраќаен режим кон манастирот во Калишта
За време на одржувањето на големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“кој на 20 и 21.09.2025 година се празнува во манастирот во струшкото село Калишта, ОВР Струга, ќе спроведе посебен сообраќаен режим. Утре (20.09.2025) од 18 часот се до завршување на предвидените верски церемонии, сообраќајот за влез кон манастирот ќе се одвива преку магистралниот пат А-2 Струга-Ќафасан …
Continue Reading
Отворена истрага против 15 лица за пустошење шуми, меѓу нив и вработени во Министерство
Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавниот обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица. Осомничените се товарат за сторени кривични дела: Злосторничко здружување и Пустошење на шуми, шестмина од нив и за Злоупотреба на службена положба …
Continue Reading
Ким Џонг-ун на тестирање на борбени беспилотни летала- повикува на развој на вештачка интелигенција
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на тестирањето на борбени беспилотни летала и охрабри истражување за употреба на вештачка интелигенција за воени цели, објави денес државната новинска агенција КЦНА. Експертите проценуваат дека таквиот развој на севернокорејскиот арсенал несомнено е поврзан со воената соработка со Русија, обележана со испраќање севернокорејски војници да се борат заедно со руските сили во војната против Украина. …
Continue Reading