Меѓународен ден на еднакви плати: Жените во Македонија сè уште заработуваат помалку од мажите

Денеска светот го одбележува Меѓународниот ден на еднакви плати, кој потсетува на потребата од еднакви можности и фер однос на работното место. По тој повод, Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA) предупредува дека родовиот јаз во платите останува сериозен проблем и покрај долгогодишната законска рамка што гарантира еднаква плата за иста работа. Според податоците, жените на глобално ниво …

Continue Reading

Над 500 административци од Скопје денес ги почнаа тренинзите за поголема професионалност, етика и транспарентност

Министерството за јавна администрација, денеска, го одржа првиот дел од најголемата програма за професионален развој на административни службеници во историјата на државата. Генеричките обуки, кои се спроведуваат под слоганот „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, во првата фаза ќе опфатат 1.000 службеници од разни институции. Првите обуки почнуваат во Скопје со учество на над 500 …

Continue Reading

Победнички идеи за 2025: пилинг крема од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки

Пилинг креми од отпад од кафе, полнети играчки со сено и мед со лековити билки – овие иновативни зелени бизниси се победничките идеи на натпреварот „Зелени идеи 2025“, кој го организираше АРНО. Жири комисијата во категоријата ембрионски идеи ги избра „Мирис на сено во сечиј дом“ на здружението „Ума Сто“ и „Природна пилинг крема од отпадоци на кафе“ на тимот …

Continue Reading

Османи: Обвинувањата за коалиција со Левица се очајнички обиди

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, ги оцени како очајнички обвинувањата дека ДУИ наводно има коалиција со Левица. Тој изјави дека ваквите конструкции се обид на ВЛЕН да подготви оправдување за можен изборен пораз. Османи нагласи дека ДУИ настапува обединето преку Националната алијанса за интеграција, која, според него, ја претставува волјата на мнозинството Албанци. Тој порача дека …

Continue Reading

Меџити најави изградба на Територијална противпожарна станица во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити, денеска ја најави изградбата на нова Територијална противпожарна станица во срцето на општината. „Брзата интервенција спасува животи. Оваа станица не е луксуз, туку животна потреба и директна инвестиција во безбедноста и благосостојбата на граѓаните,“ изјави Меџити. Проектот предвидува модерен објект од 750 м², три противпожарни возила и 12 …

Continue Reading

Манасиевски: Мојсоска од Левица си инкасирала над 600 илјади денари од партијата, додека ги напаѓала колегите за патни трошоци

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција обвини дека пратеничката Маја Мојсоска од Левица за четири години добила над 600 илјади денари од сопствената партија, иако во јавноста жестоко ги критикувала колегите за патни трошоци. „Лицемерието на Мојсоска и Левица не престанува, тие се тотално демаскирани. Продаваат скромност и неподмитливост пред народот, а позади нивниот грб …

Continue Reading

Уште една измама со лажна сообраќајка во Чашка, измамен 74-годишник за 14.000 евра

Вчера во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција. Како што е пријавено, откако се договориле, …

Continue Reading

Зајкова: 102 молкa, 1 живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова се огласи на Фејсбук по повод грозоморното двојно убиство и самоубиство кои го завија Велес во црно изминатите неколку денови. „Предложив на 1-ви април да превенираме, за никогаш повеќе да не санираме штети кои се ненадоместливи. Кога зборував, молчеа. Молчеа и без аргументи го отфрлија предлогот за електронска …

Continue Reading

(Видео) Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да преземат мерки за превенција и спречување на насилството, вели Тренчевска

Пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, на денешната прес- конференција во Собранието, во име на Клубот на жени пратенички, повика на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција од насилство врз жените. Тренчевска посочи дека Клубот на пратенички едногласно ги поддржа измените на Кривичниот законик, со кои фемицидот …

Continue Reading