Реал без Трент најмалку шест недели
Трент Александер-Арнолд (26), десниот бек на Реал Мадрид и репрезентацијата на Англија, синоќа го напушти натпреварот веќе во петтата минута од натпреварот од Лигата на шампионите против Марсеј. Реал победи со 2:1, но на најмалку шест недели го загубија играчот кого го доведоа како слободен агент ова лето. Трент го повреди мускул, бицепс на левата нога, и нема да игра …
Continue Reading
Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкцијата на најстариот спортски комплекс во Куманово, најави Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети општина Куманово, каде заедно со градоначалникот најави реконструкција на најстариот спортски комплекс „Соколана“. За овој проект, Владата ќе обезбеди 700.000 евра. „Сакам да изразам задоволство што сум еве денеска заедно со градоначалникот овде во Куманово, да честитам за сето она коешто го прави изминатиов период, но исто така заеднички да сработиме уште повеќе во …
Continue Reading
Увидот во Трубарево отежнат поради затрупувањето на локацијата, се вршат и дополнителни мерења на загадувањето
Скопското обвинителство и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на лице место по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија, како што информират од Обвинителството, се преземаа како во однос на настанувањето на пожарот, така и во однос на складирањето на отпадот на предметната локација. Извршено било фотографирање и дронско снимање на локацијата. „Со оглед на затрупувањето на локацијата од …
Continue Reading
Дурмиши на „Бизнис Лидер“: Владата и стопанството се партнери во градење на модерна и одржлива економија
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати како почесен гостин на најголемата бизнис конференција во земјава – „Бизнис Лидер“, која ги обединува најуспешните претприемачи, визионери и компании што ја движат македонската економија напред. Во своето обраќање, министерот истакна дека оваа конференција претставува симбол на волјата, капацитетот и одговорноста за зајакнување на темелите на економијата и за создавање …
Continue Reading
Трипуновски: Откупени се над 78 милиони килограми на винско грозје, секој грозд ќе биде собран да не се грижат земјоделците
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска беше на теренска посета во Тиквешкиот регион, каде посети неколку откупни пунктови со цел следење на процесот на откуп на винско грозје. „Можам да ве информирам дека според податоците од претходниот ден, досега се откупени нешто над 78 милиони килограми винско грозје”, истакна Трипуновски. Од откупените количини, над 35 милиони килограми …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Од „неподмитливи“ до профитери – ова е вистинското лице на Апасиев и Левица
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција изјави дека лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и неговата партија се демаскирани и дека од „наводно неподмитливи“ станале „профитери“. „Апасиев и Левица, кои се претставуваа како скромни, неподмитливи и народни, денес се демаскирани. Од левичарска и работничка партија, Левица стана елитистичка партија со која Апасиев гази врз сопствените членови“, …
Continue Reading
МНТ со „Ничија земја“ ќе го отвори новиот европски фестивал „Acting Europe – театар без граници“ во Ќустендил
Утревечер, на 18 септември, Македонскиот народен театар ќе ја отвори првата фестивалска вечер на новиот европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници“, кој ќе се одржи од 18 до 21 септември во Ќустендил, соседна Бугарија. Тамошната публика ќе има можност да ја погледне претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, со искусните актери: Сашко Коцев, …
Continue Reading
ЗНАМ: Децата во градинките во Центар без заштита, случајот во „13 Ноември“ аларм за сите институции
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија денеска обвини дека децата во градинките во Општина Центар се оставени без соодветна грижа и заштита, а случајот во градинката „13 Ноември“ е „вистинска закана по нивниот живот и здравје“. Портпаролот на движењето, Никола Мемов, на прес-конференција истакна дека деца во дворот на градинката пронашле употребен наркомански шприц, кој го држеле во рацете, ја …
Continue Reading
(Фото) Шокантно издание на контроверзната актерка
Иако доаѓа од Холивуд, можеби малку претера кога станува збор за црвениот тепих, но тоа е Џена Ортега. Ѕвездата на хорор-филмовите се погрижи да биде главна тема на доделувањето на наградите „Еми“, а многумина дури ја вклучија и на листата на најлошо облечени ѕвезди. Таа се појави во здолниште и малку чуден топ, кој требаше да претставува маица. Џена носеше …
Continue Reading