Квалитетот на воздухот во Трубарево во рамки на дозволените граници

Министерството за животна средина и просторно планирање, преку податоците добиени од автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ја информира јавноста за состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во населбата Трубарево. Според добиените мерења за суспендираните честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀): просечната дневна концентрација во текот на вчерашниот ден изнесувала 19.7 µg/m³, максималната измерена вредност достигнала …

Continue Reading

Ново обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за светлата во Црн Дрим

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот Рамиз Мерко, за злоупотреба на службена положба. „Осомничениот, во временскиот период од 01.04.2021 до 27.06.2022 година, како службено лице – градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното корито на Црн Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска …

Continue Reading

Работна посета на министерот Муцунски на САД и учество на Генералното собрание на ОН

Во периодот од 17 до 26 септември, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, која опфаќа посета на Вашингтон и учество на 80-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во Вашингтон, министерот Муцунски ќе се сретне со високи претставници на Стејт департментот, при што ќе се разговара за …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Одбраната на трофејот во Купот Вардар ќе ја почне против Новаци

Фудбалскиот клуб Вардар одбраната на титулата во Купот на Македонија ќе ја започне на домашен терен против Новаци. Во Куќата на фудбалот со ждрепка беа одредни осминафиналните двојки. Се игра еден натпревар, а термините се 24.09.2025 и 29.10.2025. Осминафинални двојки во Купот на Македонија: Македонија ЃП – Струга Трим Лум Охрид Лихнидос – Шкупи 1927 Вардар – Новаци Башкими 1947 …

Continue Reading

Возачот му ветил дека ќе плати за болничките трошоци, но не исполнил – тротинетистот со задоцнување го пријавил настанот

Дваесетгодишен скопјанец впријавил дека на 1 септември годинава учествувал во сообраќајна несреќа во Шуто Оризари, во која се судриле патничко возило „мерцедес“ и електричен тротинет што го управувал тој. При несреќата младиот тротинетист се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Според неговата пријава, со возачот на автомобилот постигнал договор да му плати за …

Continue Reading

Парти инсистира дека е невин по обвиненијата за силување

Фудбалерот на Виљареал, Томас Парти, претпладнево се изјасни за невин кога се појави пред судот во Лондон, по обвиненијата за силување и сексуален напад. Парти беше обвинет по пет точки за силување и едно обвинение за сексуален напад, поради спорни настани во 2021 и 2022 година. Обвиненијата се однесуваат на три жени. Парти во тоа време беше член на Арсенал, …

Continue Reading

Шукова: Загадувањето од греењето мора да се намали

Кандидатката за градоначалник на Скопје и поранешна министерка за животна средина во времето на владеењето на СДСМ, Каја Шукова, најави план за намалување на загадувањето. „Убаво е на Видиковец, одовде се гледа цело Скопје. Но, во есен и зима, градот го нема. Се губи под густа магла и сив смог. Тоа не е природна појава, туку слика на едно запуштено, …

Continue Reading

Мицкоски: Трговијата во индустријата е зголемена за 13-14 отсто во јули, споредено со истиот месец лани

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека економијата се опоравува и какви се макроекономските показатели во индустријата, изјави: „Државниот завод за статистика објави параметар вчера, во којшто вели дека трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредено со истиот месец претходната година. И тоа е тренд кој што нѐ следи цела година, …

Continue Reading

18 септември: Гостување на македонската филхармонија со концертот „Бајка“

Септемвриската програма за „Гевгелија град на култура 2025 година“ продолжува со гостувањето на Филхармонијата на РСМ. Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, утре- 18 август 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија, ќе биде одржан концертот „Бајка“ под диригентската палка на Ана Кондратенко, која ќе се претстави и како солист на виолина. Концертот ќе започне во 20:00 часот, …

Continue Reading