Oбдукција покажала дека скопјанец не починал поради сообраќајка како што стоело во извештајот

Полициски службеници од СВР Скопје утрото на 12 септември 2025 година, околу 06:10 часот, при преземање службени дејствија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, забележале дека во извештајот за едно починато лице било заведено дека смртта настанала како последица од сообраќајна несреќа. Во разговор со дежурниот болнички персонал било утврдено дека лицето, С.Б. (58) од Скопје, било донесено во болницата околу …

Continue Reading

Преполн Паркот на Франкофонија синоќа за концертот „Нешто што ќе остане“

Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера. Пет часовна ноќ за паметење со најпознатите македонски хитови на Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона”, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ. Градоначалникот Горан Герасимовски, во …

Continue Reading

Трагедија во Аеродром: На скопјанец му се слошило на скали, починал на лице место

Ноќта помеѓу петокот и саботата на 64-годишниот Б.В. од Скопје му се слошило додека се наоѓал на скалите во својот дом на подрачјето на општина Аеродром. Според пријавата, мажот паднал поради нагло влошување на здравствената состојба, а лекар од Итната медицинска помош по пристигнувањето на местото ја констатирал неговата смрт. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на …

Continue Reading

МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди” со намера да ги запали. Откако реагирал лицето побегнало и не успеало во намерата. МВР го бара сторителот.

Continue Reading

Тројца странски државјани загинаа во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Пред два дена околу 08:13 часот, на експресниот пат Штип – Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на селото Лакавица, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле три лица. Според информациите од полицијата, товарно возило марка „Фиат Дукато“ со струмички регистарски таблички, сопственост на фирма од Струмица, излетало од коловозот. Возилото го управувал 35-годишниот М.Д. …

Continue Reading

(Видео) Се’ уште чади во Трубарево преку песокот со којшто е затрупан отпадот, спречено е ширење на пожарот

Благодарение на брзата и координирана акција на скопските пожарникари, спречено е ширење на големиот пожар што вчера избувна во Трубарево, во магацини со пластичен и електронски отпад, изјави утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како што рече, со навременото делување спасени се четири објекти, но  и голема количина на пластичен отпад до која не дошол огнот. И …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува опозицијата дека ги подметнува пожарите на депониите

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ повторно ги обвини опозициската СДСМ и ДУИ за намерно подметнување на пожарите околу Скопје. „Хипокризијата кај СДС е се поизразена – наутро сеат страв со повици граѓаните да седат дома, а навечер прават журки во Градски парк, во меѓувреме се занимаваат со специјалноста палење депонии, одговорност ќе има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека честите пожари во …

Continue Reading

Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија. „Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот. Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите …

Continue Reading

(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко. Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени. Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели …

Continue Reading