ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците
Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да постои можен ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни супстанции, им препорачува на населението: – Во областите каде што постои ризик од загаден воздух, да останат внатре и да ги затворат прозорците и да се вратат, особено …
Continue Reading
Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот
Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања и насоки од здравствените и надлежните власти за заштита на населението. „Пластиката дава густ и црн, а верувам и токсичен чад“, рече предмалку директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, од местото на пожарот. Тој истакна и дека …
Continue Reading
(Видео) Волтемаде со гол дебитираше а Њукасл, Борнмут победи и се изедначи со Арсенал и Ливерпул
Во петте натпревари од англиската Премиер лига одиграни од 16 часот, постигнати се само пет гола, од нив три на еден натпревар. Повеќето работи што вреди да се споменат од денешните натпревари од четвртото коло се случија во Борнмут, каде што истоимениот домашен тим го победи Брајтон со 2:1. Победата на Борнмут му ја донесоа стрелците Алек Скот и Антоан …
Continue Reading
Експлозија во кафуле во Мадрид, 14 повредени
Во експлозија во кафуле во шпанската престолнина Мадрид во саботата, 14 лица беа повредени, од кои едно потешко, соопштија службите за итни случаи. Експлозијата се случила во 15 часот во мадридската населба Ваљекас, според службите за итни случаи. Причината за експлозијата сè уште не е позната.
Continue Reading
ДОМ бара измени на Кривичниот законик: подметнувањето пожар да се третира како обид за убиство
Зелената партија ДОМ остро реагира на денешниот пожар во скопското село Трубарево. „Очигледно дека не станува збор за изолиран настан – претходно гореа депониите Вардариште и Дрисла. Секој ваков пожар е директна закана по животот и здравјето на луѓето, а институциите остануваат неми и без одговорност“, велат од ДОМ. Партијата како дел од „Коалицијата за зелена иднина“ порачува дека дојде …
Continue Reading
Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф – Групација“ во Скопје, каде што се складира електронски отпад, е намерно подметнат и претставува хибриден напад врз државата. Ангелов објасни дека пожарот зафатил два производствени погони. Огнот делумно се проширил и кон уште два соседни објекти каде што е складирана …
Continue Reading
(Видео) Големиот пожар во Трубарево се гасне и со хермелини
Специјализирани возила со хермелини, ер трактор, хеликоптери на МВР и АРМ, екипи на скопската противпожарна бригада го гаснат големиот пожат што избувна во Трубарево во складиштето за електронски отпад. Видеата во прилог го прикажуваат гаснењето на огнот.
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Пожарите се подметнати за создавање вештачка криза, скопјани се жртви на политички игри
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска порача дека споделува загриженост со скопјани за пожарите кои деновиве ја зафатија околината на главниот град, оценувајќи дека постојат сомнежи за нивно намерно подметнување. „Не само што некој си игра со трпението, туку си игра и со здравјето на илјадници граѓани во Скопје! Го повикувам Министерството за внатрешни работи …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ и ДУИ за намерно палење на депониите: „Како баш пред избори почнаа да горат?“
ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува опозициските партии, СДСМ и ДУИ, за палењето на депониите во главниот град за да го спречат доаѓањето на правдата. Во партиското соопштение се наведува: Злосторничкото здружение ДУИ–СДС, неможејќи да го прифати фактот дека е поразено и дека граѓаните ја враќаат државата на прав пат, прибегнува кон најопасни и криминални методи“. Според партијата, наместо политики, подметнуваат чад и …
Continue Reading