Баер со двајца помалку на теренот го победи Ајнтрахт

Фудбалерите на Баер Леверкузен го победија Ајнтахт Франкфурт со 3:1 (2:0) во првиот натпревар од 3. коло на германската Бундеслига. Ова беше прв натпревар на Каспер Хјулманд на клупата на „фармацевтите“ и права победа, која требаше да биде лесна, но беше доведена во прашање во второто полувреме. Баер стекна капитална предност во првиот дел од натпреварот, со головите на Алехандро …

Continue Reading

Ридигер ќе паузира до три месеци

Реал Мадрид се соочи со неочекуван проблем пред патот во Сан Себастијан. Чаби Алонсо нема да може да смета на услугите на Антонио Ридигер. Како што објави Реал Мадрид во официјалното соопштение, Ридигер се пожалил на болка во квадрицепсот за време на тренингот, по што веднаш отишол на прегледи и му била дијагностицирана повреда на мускулот на левата нога. Прегледите …

Continue Reading

Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции. Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да …

Continue Reading

(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел. Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија. Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират. „22 години се борев, убивав негови луѓе“, …

Continue Reading

По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала. Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го …

Continue Reading

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати. „Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот. Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, …

Continue Reading

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП „Дрисла“ за да ги утврди причините за пожарот, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. „Припадниците на криминалистичката полиција ќе позборуваат со вработените дали постои можност некој од внатре да учествува во подметнувањето на пожарите или можеби …

Continue Reading

Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно. Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат. Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда. Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш. Јарец – …

Continue Reading

Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање. Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција. Јута, државата каде …

Continue Reading