(Видео) Фудбалерите од земја со помалку од 600.000 жители пред историски пласман на СП
Зеленортските острови (Капе Верде) го победи Камерун со 1:0 и се искачи на челната позација во групата Д од квалификациите за Светското првенство. Со овој триумф малата островска земја направи огромен чекор првиот пласман на најголемата фудбалска смотра. Во последните две кола, Зеленортските острови играат против Либија и Есватини, потрбна им е една победа за да го прослават историскиот успех. …
Continue Reading
(Фото) Кралицата на бикините објави фотографија за крај: „Збогум за прекрасното лето“
Актерката Елизабет Харли неодамна објави фотографија на Инстаграм, а нејзиното издание воодушеви многу луѓе. Кралицата на бикини, која се соблече гола за својот 60-ти роденден, позираше во бело бикини со златни ланци, а вниманието на јавноста го привлече, по којзнае кој пат, нејзината завидна фигура. Се чини дека ова е проштална фотографија на познатата Лизи, бидејќи таа се збогува со …
Continue Reading
ЕУ за руските дронови над Полска: Ова беше намерно
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека синоќешниот упад на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор бил „намерен, а не случаен“. Калас го опиша настанот како „најсериозен упад во европскиот воздушен простор од почетокот на војната“. Таа додаде дека инцидентот покажува дека „војната на Русија ескалира, а не завршува“. „Мораме да ја зголемиме цената …
Continue Reading
Зеленски: Денес се случи исклучително опасен преседан за Европа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша најновиот напад на Русија врз Украина, во кој беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, како „уште еден чекор на ескалација“ и „исклучително опасен преседан за Европа“. Зеленски рече дека најмалку осум беспилотни летала ја погодиле Полска. Русите ја нападнаа Украина преку ноќ со околу 415 беспилотни летала и повеќе од 40 ракети. Украинскиот …
Continue Reading
Туск: Соборени се дроновите што претставуваа закана
Синоќа, голем број руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, објави полскиот премиер Доналд Туск, додавајќи дека биле соборени беспилотните летала што претставувале директна закана. „Синоќа, голем број руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор. Овие беспилотни летала што претставуваа директна закана беа соборени. Јас сум во постојана комуникација со генералниот секретар на НАТО и нашите сојузници“, рече …
Continue Reading
(Видео) Боливија го победи Бразил ќе игра бараж за СП, Луис Суарез ја декласира Венецуела
Јужноамериканските великани Бразил и Аргентина доживеаја порази во последното коло, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Натпреварите во Еквадор и Боливија немаа никакво значење за двете селекции, но дуелот во Боливија им значеше на домаќините, кои со „помош“ на Колумбија, дојдоа до седмата позиција и место во Интерконтиненталниот бараж. Карло Анчелоти го доживеа првиот пораз како селектор на Бразил. …
Continue Reading
„Очигледен е стравот на Мицкоски од содржината на документите што треба да ја докажат неговата приказна за наводно следење“, велат од СДСМ
„Случајот со АНБ кој го спремаа за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, но им испукна како бомба во раката. Власта бега од декласификација на документите и се плаши јавноста да ја дознае вистината“, велат од СДСМ. „Очигледен е стравот на премиерот Христијан Мицкоски од содржината на документите што треба да ја докажат неговата приказна за …
Continue Reading
„Обвинителството да се произнесе за случајот ‘Рекет 2’ и да ги открие сите вмешани, Коцевски да не го прикрива случајот“, бара ВМРО-ДПМНЕ
„ЈО и Коцевски повеќе од година и пол не покренале ниту една постапка против поранешни функционери иако постојат индиции и сомнежи за огромен криминал и корупција. Јавноста има право да знае што се случува со случајот Рекет 2 и зошто јавниот обвинител Коцевски се уште го прикрива“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Коцевски да не молчи за случајот Рекет 2 во кој …
Continue Reading
(Фото/Видео) Дали руската убавица воодушеви или разочара: необичниот стил збуни многумина
Иако Отвореното првенство на САД одамна заврши, модните комбинации на одредени ѕвезди се уште се главна тема на странските и домашните медиуми. Стајлингот на Кејти Холмс на Отвореното првенство на САД доминираше, но се чини дека уште една ѕвезда го привлече вниманието – руската манекенка Ирина Шајк. Таа одлучи да носи тесна проѕирна тоалета од брендот „Alaïa“ за големиот тениски …
Continue Reading