Кулеба потврди дека избегал во Полска по забраната од Зеленски
Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денес изјави дека никогаш не помислил дека ќе мора да ја напушти својата земја преку ноќ „како крадец“ и дека сега е во Краков, Полска. Тој ја напушти Украина само неколку часа пред да стапи во сила декретот со кој им се забранува на поранешните дипломати и функционери да ја напуштат Украина, …
Continue Reading
Зеленски: Путин нема да може да го освои целиот Донбас до крајот на годината
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да може да ги оствари своите намери, кои, како што рече, му ги пренел на претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, да го освои целиот Донбас до крајот на годината. Во интервју за ABC News, Зеленски, исто така, рече дека тврдењата од Москва дека Русија окупирала 70 проценти …
Continue Reading
(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во рамки на работната посета на Париз, Франција. Филипче посочи дека целта на посетата е да ги промовира и брани националниот интерес и позициите на Маједонија. При тоа нагласи дека СДСМ веќе работи на проактивен пристап, а тоа значи …
Continue Reading
(Видео) Александра Јанева со преработка на безвременската ,,Ми подаваш рака”
Инспирирана од минатото и неповторливата носталгична нота која ја носат македонските евергрини, Јанева ја изненади публиката со нејзината официјална преработка на безвременската ,,Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ. Оваа култна македонска балада беше изведена во 1978 година од Данијела Панчетовиќ, на фестивалот Скопје. Автор на музиката е Мане Колев, текстот е на Ѓоко Георгиев, а аранжманот е на Кире Костов. …
Continue Reading
(Видео) Јанковиќ: Власта на тендер купува целосна сценографија, дали граѓаните ја плаќаат партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ?
Генералниот секретаријат на Владата, со потпис на Игор Јанушев, склучил договор тежок речиси милион евра за озвучување на отворен простор, осветлување на отворен простор, видео ѕидови, бина, конструкција за покривање бина, опрема за симултан превод и техничка поддршка, изјави Јовица Јанковиќ од СДСМ. Тој вели дека иако власта сака да претстави дека опремата е за симултан превод, симултан превод има …
Continue Reading
Нема казни за институциите кои до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација
Институциите кои до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски злоупотреби нема да добијат казни. Ова го потврди директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, на денешната промоција на црвените таблички кој кажа дека правилникот не предвидува казни за доцнење и непостапување по дадените насоки. Првичниот …
Continue Reading
Поскапуваат бензините и дизелот
Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 10.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС …
Continue Reading
Голема сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево: Се судрија пет мотори и четири автомобили, тешко повредени четири лица
Четири лица се тешко повредени, а уште двајца се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Гостивар – Кичево, а во која учествувале пет мотоцикли и четири автомобили. Вчера во 15 и 50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со скопски …
Continue Reading
Украдени две бронзени бисти од гробиштата во Бутел
Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.06. до 06.09.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет биле одземени две бронзени бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading