Напад со нож во Струшко, уапсен 18-годишник

Вчера во 20 часот, во ОВР Струга лишен од слобода е 18-годишниот А.А. од струшкото село Франгово кој се сомничи дека претходно, во селото Долна Белица, физички, а потоа и со нож го нападнал Ф.Р.(60) од истото село. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Шест активни пожари во државата, еден е под контрола

Денеска, до 12:00 часот, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни се шест, под контрола е еден, а изгаснати се два пожари, извести Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општина Берово: Дрџински рид, м.в. Стојковото, село Русиново (дабова, букова шума и папрат); општина Липково 1: село Никуштак (нискостеблеста деградирана …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Независноста не е само обичен потпис на хартија-таа е жртва, таа е борба, таа е љубов кон оваа света македонска земја

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на Свечената академија по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. „8 Септември не е само симболичен датум, туку момент на историска пресвртница за нашиот народ, за граѓаните, време кога се крена јарболот на независност, еден столетен, пркосен оган од многу борби, откажувања, човечки страдања, херојства, битки и порази, стана реалност“, кажа премиерот …

Continue Reading

Николоски: Од заборавени проекти денеска имаме автопати по кои граѓаните возат

Имаме одлично силна градежна активност насекаде низ државата. Го пуштивме во сообраќај и вториот дел од автопатот Кичево-Охрид, во должина од 17 км на потегот од Климештани до Охрид, со силна динамика работиме и на изградба на автопатите од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани. Очекувам првиот дел од автопатот од Прилеп до Битола да го пуштиме во …

Continue Reading

(Фото) Шукова: Независноста е обврска за иднината, потребни ни се функционални институции и храбри реформи

По повод Денот на независноста, потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска положи свежо цвеќе на гробовите на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на првиот премиер Никола Кљусев. Во својата изјава, Шукова потсети на храброста на граѓаните кои пред 34 години избраа самостојна и слободна Македонија: „На Денот на независноста се …

Continue Reading

„Влен“: Ќе продолжиме да ја зајакнуваме демократијата, еднаквоста и европската перспектива на нашата земја

„Денес го одбележуваме еден од најважните датуми во историјата на државата – 8 Септември, Денот на независноста, кој денес е празник на сите граѓани на нашата земја“, велат од „Влен“. Ова е моментот кога граѓаните на оваа земја го избраа патот на суверенитет и ги поставија темелите на слободна и независна држава. Но, нашата современа историја не може да се …

Continue Reading

Ахмети: Никаква опасност, на ниту еден Македонец, а уште помалку на нашата држава, не и се заканува од еднаквоста со Албанците

„Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и како треба да биде“, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети по повод Денот на независноста, 8 Септември. „Уставот од 1974 година беше изменет во 1989 еднострано, со што Албанците беа лишени од државотворниот статус и овој момент претставува застојна пресвртница …

Continue Reading

(Фото) Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат. Поставени се противпожарни возила за заштита на плинската станица која не беше зафатена од огнот. Во текот на утрешниот …

Continue Reading

Сојузникот на Фицо ја спореди Украина со Хамас: „Ова е ист вид провоциран конфликт“

Тибор Гаспар, заменик-претседател на словачкиот парламент и пратеник од владејачката партија Смер, ја спореди Украина со милитантната група Хамас. „Роберт Фицо постојано зборуваше за тоа како ги перцепира дејствијата на Русија. Тој верува дека почетокот на војната е кршење на меѓународното право, но… ова е провоцирана агресија“, рече Гаспар. Пратеникот отиде подалеку, изедначувајќи ја Украина со Хамас и неговиот напад …

Continue Reading