Путин: Западните воени сили распоредени во Украина ќе се сметаат за легитимни цели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните воени сили распоредени во Украина ќе се сметаат за легитимни цели на руските напади. „Ако некои војници се појават таму, особено сега за време на воените операции, ние тргнуваме од фактот дека тие ќе бидат легитимни цели за уништување“, рече Путин на економски форум во Владивосток. „И ако се донесат одлуки што водат …

Continue Reading

Нема активни пожари низ државата, под контрола е еден

Во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола е еден пожар, а изгаснати се седум пожари, извести Центарот за управување со кризи. Како што извести ЦУК, под контрола е пожарот во општина Гевгелија – планина Кожуф (приземен пожар).

Continue Reading

(Видео) Емотивниот Меси во голем стил се збогува со аргентинската публика

Лионел Меси се збогуваше со аргентинската публика во националниот дрес со триумф. Еден од најдобрите играчи на сите времиња го одигра својот последен натпревар пред домашна публика за „Гаучосите“ и се потруди да остави впечаток. На „Монументал“ во Буенос Аирес, Аргентина рутински ја победи Венецуела со 3:0, а малиот волшебник постигна два гола. Меси покажа и емотивна нота, бидејќи се …

Continue Reading

Славески од Глобалниот форум на АФИ: Финансиската вклученост е предуслов за одржлив раст и стабилност

„Секој човек има право на фер и квалитетни финансиски услуги, а финансиската едукација е клучот за стабилен систем и за заштита на граѓаните“ – порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на Глобалниот форум за политики на Алијансата за финансиска инклузија (АФИ), којшто се одржува во Намибија. Во своето воведно обраќање пред регионалната иницијатива за Источна Европа и Централна …

Continue Reading

Усмртен пешак во Гостиварско, уапсен возачот

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во с.Добридол, гостиварско, патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(30) од село Врапчиште, гостиварско, удрило во пешакот З.Ш.(65) од с.Добридол. По несреќата, пешакот З.Ш. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што починал, а лекар констатирал смрт. По наредба на …

Continue Reading

(Фото) Ги сака и мажите и жените, а ја заведе Венеција во бело

Скандалозната убавица Стела Максвел присуствуваше на Венецискиот филмски фестивал, а фотографите ниту овој пат не ја „оставија на мира“. Моделот Стела Максвел, поранешен ангел на Викторија Сикрет и актерка, која некогаш беше внимателно следена од медиумите поради низата скандали, привлече големо внимание на престижниот филмски настан во Венеција. Русокосата убавица го освои црвениот тепих на 82-от Филмски фестивал во Венеција, …

Continue Reading

(Фото) Таа беше музата на Армани: убавата Бразилка никогаш не се одвои од него

Познатиот дизајнер Џорџо Армани почина на 91-годишна возраст. Легендарниот Италијанец засекогаш ќе биде запаметен како човек кој можеше да прави што сака кога стануваше збор за мода, но и како некој кој секогаш цврсто стоеше на земја и точно знаеше што прави. Секој што ја следел неговата работа го смета за вистински моден гениј, а меѓу нив е и Пенелопе …

Continue Reading

СДСМ најави: „Започнуваме со објавување на Вистината за случајот АНБ, зошто власта бега од декласификација?“

„Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за наводно следење власта не ја отпочнува процедурата за декласификација на документите со случајот АНБ? Зошто самиот Мицкоски не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен“, прашуваат од СДСМ. „СДСМ започнува со објавување на вистината за случајот АНБ. Кои се причините и што се …

Continue Reading

Германија со поразот во Словачка постави неколку негативни рекорди

Германија загуби од Словачка со 2:0 во Братислава во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Ова беше трет последователен пораз на германската репрезентација откако, претходно во јуни загуби од Португалија (1:2) во полуфиналето на Лигата на нации, а потоа и од Франција (0:2) во натпреварот за третото место. Стрелци за победата …

Continue Reading