Почина Џорџо Армани
Италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани почина, објави денеска неговата компанија. „Со огромна тага, групацијата Армани ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила: Џорџо Армани“, се вели во соопштението на модната куќа. Армани, кој имаше 91 година, беше синоним за модерен италијански стил и елеганција. Тој ја комбинираше креативноста на дизајнер со остроумноста на бизнисмен, водејќи компанија …
Continue Reading
Кина се огласи по коментарот на Трамп дека Шји Џинпинг, Путин и Ким Џонг Ун прават завера против Америка
Американскиот претседател Доналд Трамп за време на воената парада во Пекинг даде изјави што привлекоа меѓународно внимание. Портпаролот Гуо Ѓиакун ги демантираше тврдењата на Трамп за наводни заговорнички планови меѓу Кина, Русија и Северна Кореја. Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Кина не делува против трети земји додека ги развива своите дипломатски односи, откако американскиот претседател Доналд Трамп …
Continue Reading
Автомобил во Берлин удри во група деца, повеќе повредени
Во берлинската четврт Веден се случи инцидент кога автомобил „бмв“ налета на група деца на тротоар. Во несреќата повредени се тројца малолетници и една возрасна личност, објави германскиот весник „Билд“. Сè се случило околу 13:10 часот. Според првичните информации, автомобилот „бмв“ при свртување влетал во тротоарот каде што се наоѓала група од петнаесет деца на возраст од седум до осум …
Continue Reading
Повеќе од 2.200 загинати во земјотресот во Авганистан: „Сè што имавме е уништено“
Спасувачките екипи денес извлекуваа тела од урнатините на куќи уништени во земјотресот во Авганистан. Бројот на загинати надмина 2200, а иднината на преживеаните е неизвесна, при што светските хуманитарни организации предупредуваат на намалени ресурси. Спасувачките операции продолжуваат во планинските области на истокот на земјата, јавија талибанските власти, објавувајќи дека бројот на загинати достигнал 2205, а повредени се најмалку 3640 лица. …
Continue Reading
Дурмиши: Преку мерката за зелени инвестиции отворени се речиси 400 работни места во приватниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Сељатин Бељули, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, денеска го посети ресторанот „Ксантика“, кој е еден од успешните примери на зелени инвестиции и создавање нови работни места. За време на посетата министерот истакна дека преку Мерката 8 – „Создавање нови работни места преку зелени инвестиции“, …
Continue Reading
„Ќе изумреме како диносаурусите aко не се справиме заедно“ – Марковски и Белчева најавуваат решение за депонијата Вардариште
Во близина на депонијата Вардариште во Скопје, кандидатот за градоначалник проф. Д-р Горан Марковски и носителката на кандидатската листа за советници Јана Белчева Андреевска од граѓанската платформа „Независни заедно“ одржаа прес-конференција, откако граѓаните протестираа поради повторното горење на депонијата. „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“, изјави Марковски, додавајќи дека досегашниот проблем со Вардариште е резултат на …
Continue Reading
Коњановски даде отчет за сработеното на повеќе од сто страници
На повеќе од сто страници градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ги сумираше резултатите од работењето на локалната самоупорва под негово водство. Со одговорност, транспарентност и посветеност во извештајот стои дека се реализирани стотици капитални и локални проекти, насочени кон подобрување на инфраструктурата, образованието, културата, спортот и социјалната заштита. Меѓу поважните инвестиции се осветлувањето на Широк Сокак, изградбата на влезовите …
Continue Reading
Алиу потврди дека Кардиохирургија не прави операции оти нема анестезиолози и најави ад хок решение: лекари од Словенија ќе ги пополнуваат празнините
Со билатерален договор за мобилност на лекари и медицински сестри меѓу Словенија и Македонија ќе се пополнуваат празнините во нашиот здравствен систем. Министерот за здравство Азир Алиу договорот го претстави како ад хок решение за недостигот од анестезиолози на Клиниката за кардиохирургија, каде што веќе неколку дена пациенти се жалат дека не се прават операции оти нема анестезиолог. „Затоа денес …
Continue Reading
Левандовски одбил плата од 100 милиони евра по сезона
Преодниот период во Европа заврши, но сè уште трае во арапскиот свет, иако веќе е познато дека Саудијците нема да ги остварат плановите. Ал Хилал и Ал Наср, клубови со неограничени финансиски можности и големи навивачки бази, се обидоа да го реализираат трансферот на Роберт Левандовски. За разлика од повеќето играчи, кои привлечени од богатите винансиски договори се селат во …
Continue Reading