Бетис и Манчестер јунајтед го договориле трансферот на Антони
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Бразилецот Антони е блиску до враќање во Бетис, откако двата клуба постигнаа договор за висината на обештетувањето. „Атлетик“, тврди дека Манчестер јунајтед ќе заработи 25 милиони евра од продажбата на крилниот напаѓач, како и 50 проценти од следниот трансфер. На овој начин е решен проблемот, бидејќи Бетис не беше во позиција да плати повеќе за фудбалерот …
Continue Reading
(Видео) Протести во Нови Сад: граѓаните се собираат, студентите влегуваат во факултетот низ прозорецот
Во Нови Сад се одбележуваат 10 месеци од уривањето на настрешницата на Железничката станица, при што загинаа 16 лица. Граѓаните ќе се соберат и ќе одржат 16-минутно молчење во 11:52 часот, кога се урна настрешницата, јавува Н1. По истиот повод, но од 19 часот, средношколците ги повикаа граѓаните да се соберат на кампусот на Универзитетот во Нови Сад. Во Белград, …
Continue Reading
Муцунски ќе учествува на Бледскиот стратешки форум 2025
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе престојува во Република Словенија, каде што ќе учествува на Бледскиот стратешки форум, кој се одржува во градот Блед. Во рамките на форумот, министерот ќе се обрати на панел-дискусијата на тема „Нема регион за младите – време е за промени“. Сесијата ќе ги обедини министрите за надворешни работи …
Continue Reading
(Видео) Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: досега најмалку 622 загинати
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, а повеќе од 1.500 се повредени, соопштија официјални лица, додека хеликоптери ги превезуваат ранетите на безбедно од урнатините додека тие бараа преживеани. Катастрофата ќе го зголеми притисокот врз јужноазиската земја, која веќе се бори со хуманитарни кризи, од нагло намалување на странската помош …
Continue Reading
МОН: Учениците со љубопитност да чекорат по патот на знаењето, а наставниците да продолжат да им го трасираат патот кон успехот
Министерството за образование и наука на сите наставници и стручни соработници, на учениците и нивните семејства им посакува успешна учебна година. „Со добро здравје и силна посветеност кон учењето и работата, да ги остварат личните обврски и цели“. „Ги охрабруваме учениците со љубопитност да чекорат по патот на знаењето, кое е најмоќната алатка за успех што секој може да ја …
Continue Reading
Продолжува кампањата „Читаме современи македонски автори“ во Градската библиотека
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува четвртиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ со романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска како книга на месецот, а разговорот со авторката ќе се одржи в среда (3 септември) во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“. Кампањата започна во септември 2022 година и досега беа претставени вкупно 24 современи …
Continue Reading
(Видео) Луис Суарез: Во минатото ги гризеше противниците, сега ги плука
Темпераментниот Луис Суарез, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, повторно ја покажа својата „темна страна“. Уругваецот, во минатото гги гризеше Отман Бакал, Бранислав Ивановиќ и Џорџо Кјелини, а синоќа повторно се најде во центарот на вниманието. Суарез претрпе пораз од Интер Мајами во финалето на Лига купот, од Сиетл, убедливо со 3:0. Поразот тешку го прифати Суарез, по …
Continue Reading
Најмалку 600 загинати во силниот земјотрес во Авганистан
Стотици луѓе загинаа и се повредени во земјотресот со јачина од 6,0 степени што ја погоди североисточната покраина Кунар во Авганистан, соопштија денес властите, додека спасувачите пребаруваат низ урнатините на домовите за преживеани. Најновите бројки покажуваат дека бројот на жртви е најмалку 610, а повеќе од 1.500 се повредени. „Бројот на починати и повредени е голем, но бидејќи областа е …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија инфраструктурно се трансформира, изградени и пуштени во употреба над 70 километри експресни патишта и автопат
„Македонија интензивно и засилено се гради во сите делови на државата. За една година ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи посветено и како се реализираат крупни капитални инфраструктурни проекти кои ја трансформираат Македонија. Изградбата на големите патни решенија значително го подобрија и забрзаа патниот сообраќај, граѓаните побрзо и побезбедно стигнуваат до посакуваната дестинација, а позитивно влијаат и на економијата“, велат од …
Continue Reading