Муцунски: Благодарение на СДС и ДУИ, преговорите со ЕУ не можат да бидат блокирани, затоа што никогаш и не започнаа
Денес Венко Филипче повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се блокирани. Но вистината е тажна и едноставна – благодарение на СДС и ДУИ, тие преговори не можат да бидат блокирани, затоа што никогаш и не започнаа, напиша министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на „Фејсбук“. „Од нас нема да слушнете големи зборови без покритие и празни чекори …
Continue Reading
Меџити: Од ОУ „Конгреси и Манастирит“ започнуваме со имплементација на едносменско учење во Чаир
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Мехмети, го посети Основното училиште „ Конгреси и Манастирит “ по повод почетокот на новата учебна година. Меџити, пред наставниот кадар и учениците на ова училиште, изјави дека првиот чекор кон европско образование во Чаир започнува токму од ова училиште, каде што од денес започна имплементацијата на …
Continue Reading
Царината: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август
За 14,5 милиони евра е зголемена наплатата на приходи во август во царината во споредба со истиот месец минатата година, што претставува рекорден раст на приходите од 8,9 проценти остварени на месечно ниво годинава, соопшти Царинската управа. Притоа, најголем раст од 19,5 проценти е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се собрани приходи од …
Continue Reading
Бретнфорд се согласи да го пушти Виса во Њукасл
Њукасл јунајтед веднаш ќе ги потроши парите од трансферот на Александер Исак. Швеѓанецот во рекорден трансфер, кога станува збор за Премиер лигата, се сели во Ливерпул. Сумата од 150 милиони евра, Њукасл ја вложи во Ник Волтемаде и Јоан Виса. Напаѓачот на Штутгарт, Волтемаде пристигна во клубот пред неколку дена, а до крајот на денот, Виса ќе потпише договор со …
Continue Reading
Јаневска: Во училиштата се гради иднината на Македонија
Денес започнува новата учебна година и во училиштата повторно се враќа детската радост, среќа, љубопитност и натпреварувачка атмосфера. На сите ученици и на нивните семејства, на наставниците и стручните соработници им посакувам среќен почеток и многу успеси во деновите што следат. Сигурна сум дека секој може да ги постигне своите цели, да ги исполни обврските и одговорностите со добро здравје …
Continue Reading
Цената на бензините не се менува, дизелот поскапува
Цената на бензините не се менува, дизелот поскапува за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од 2.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) …
Continue Reading
Бројот на германски туристи зголемен за 219 отсто, над 23.000 Германците годинава ја посетија Македонија
Во рамките на „Museumuferfest“ во Франкфурт, настан кој секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот свет, Министерството за култура и туризам успешно ја промовираше Македонија како врвна европска дестинација. Македонија беше претставена како држава со автентична култура, недопрена природа, примамлива гастрономија, земја која има врски со светот, за што зборуваат и податоците – во првите …
Continue Reading
Четирицикл се преврте во Тетовско: две лица повредени
Вчера во 17:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Синичане, општина Боговиње, четирицикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.К.(31) од Тетово, се превртел на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.С.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од …
Continue Reading
Со закани по живот, изнудил над 300.000 денари
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(28) од Штип. Тој се сомничи за сторено кривично дело „изнуда“. Во период од октомври 2024 до 20.06.2025, пријавениот со закани по живот, во неколку наврати изнудил пари од оштетениот, нанесувајќи му вкупна штета од 356.000 денари.
Continue Reading