25-годишник од Велес со тешки повреди пренесен во болница: управувајќи мопед паднал на коловозот

Вчера во 22:15 часот во СВР Велес е пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов“ во Велес, 25-годишниот К.П. од Велес управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.П., констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од СВР Велес.

Continue Reading

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија. Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на Министерството за образование и наука. Обезбедени се и учебници по …

Continue Reading

При градежни активности на имот во Кисела Вода, била оштетена цевка од гасовод, при што имало истекување на гас

Вчера во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека при ископ и вршење градежни активности на имот на правно лице на булеварот „Борис Трајковски“, на подрачје на Кисела Вода во Скопје, била оштетена цевка од гасовод, при што имало истекување на гас. Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода и инспектор за животна средина излегле на местото и било констатирано …

Continue Reading

(Видео) „Додека граѓаните тонат во сиромаштија, власта ги држи платите ниски“, вели Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конфренција за економските политики на Владата, предупреди дека граѓаните сè повеќе тонат во сиромаштија, додека власта свесно одбива да интервенира со мерки за справување со инфлацијата и растот на цените. „Она што станува сè појасно е дека оваа власт свесно ја разгорува инфлацијата, бидејќи им го полни буџетот и …

Continue Reading

Жена се здобила со тешки повреди додека работела како хигиеничарка во државна институција на подрачјето на Центар

Вчера во 14:10 часот во СВР Скопје, 56-годишната В.П. од село Јурумлери, скопско, пријавила дека околу 07:30 часот во објект на државна институција на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи како хигиеничарка, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. За настанот бил известен трудов инспектор.

Continue Reading

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Центар, било опожарено патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски таблици, сопственост на правно лице, а од огнот биле зафатени и патнички моторни возила „шевролет авео“ со охридски регистарски таблици, сопственост на М.И.(21) од Охрид, „фиат пунто“ со скопски регистарски таблици, сопственост на Е.Т. (20) …

Continue Reading

Вулверхемптон одби уште една понуда од Њукасл за Ларсен

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон ја одби и втората понуда од Њукасл за норвешкиот напаѓач Јорген Странд Ларсен, кој постигна два гола во вчерашната победа над Вест Хем во Лига купот. Њукасл овој пат понуди 55 милиони фунти, откако претходно беше одбиена и понуда од 50 милиони фунти. Управата на Вулверхемптон не сака да се откаже од 25-годишниот репрезентативец на Норвешка, пред …

Continue Reading

За шест месеци наплатени 546,9 милиони денари од концесионерите на рудниците, 126 отсто повеќе од лани во истиот период

Економската моќ на општините каде што работат рудниците расте. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во првата половина на 2025 година наплатило рекордни 546,9 милиони денари од концесионерите – дури 126% повеќе отколку во истиот период лани. Главниот дел од овие пари завршува во општинските буџети. Според важечката законска рамка, 78% од концесискиот надоместок останува во општината каде …

Continue Reading

Битолчанка тешко повредена откако во неа удрило товарно возило

Вчера во 11:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на улицата „Рајко Жинзифов“ во Битола, товарно возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Д.К. од Велес удрило во пешакот, 69-годишната Ј.Д. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Д., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Continue Reading