Трамп ѝ се закани на Кина со царини од 200 проценти: „Мора да ни дадат магнети“
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 200 проценти на увозот на кинески стоки доколку Пекинг не воспостави сигурни залихи на ретки земни магнети за САД. „Тие мора да ни ги дадат магнетите. Ако не ни ги дадат магнетите, ќе мора да им наплатиме царина од 200 проценти или нешто слично“, рече Трамп во Белата куќа …
Continue Reading
Мисајловски-Бардуани: Остануваме посветени на регионалната безбедност и стабилност
Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски се сретна со командантот на НАТО мисијата на Косово, КФОР, генерал-мајор Енрико Бардуани со кого разговараше за значајната улога на оваа мисија во зацврстувањето на безбедноста и стабилноста на Косово, а со тоа и на целиот регион. „Оваа НАТО мисија е исклучително значајна за уште постабилен и побезбеден регион. Остануваме посветени на …
Continue Reading
Филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска утре во Венеција ја отвора програмата „Хоризонти“
Денес, 26 август 2025 година, се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза во Скопје. Веќе утре, 27 август, токму во пресрет на овој значаен јубилеј, на 81. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, ќе се одржи светската премиера на филмот „Мајка“ (Mother) на Теона Стругар Митевска. Филмот ќе ја има честа да ја отвори престижната програма „Хоризонти“ (Orizzonti) на …
Continue Reading
Евертон плати 40 милиони евра за Диблинг
Поранешниот фудбалер на Саутемптон, 19-годишниот Тајлер Диблинг, ќе ја продолжи кариерата во синиот дрес на Евертон. Клубот од Ливерпул потпиша четиригодишен договор со талентираниот фудбалер, а „Светците“ ќе добијат 35 милиони фунти (околу 40,5 милиони евра) како обештетување, евентуално уште пет милиони во бонуси, што е вкупно 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра). Диблинг дебитираше за Саутемптон кога имаше …
Continue Reading
Орбан: Зеленски ќе трпи долгорочни последици
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ги сноси последиците за неодамнешните напади врз гасоводот „Дружба“, кој ги снабдува Унгарија и Словачка. Во објава на Фејсбук, Орбан истакна дека „Зеленски отворено ѝ се закани на Унгарија“ и призна дека нападот врз нафтоводот бил одговор на противењето на Будимпешта на членството на Украина во Европската Унија. „Зеленски …
Continue Reading
Професорот Горан Марковски ќе се кандидира за градоначалник на Скопје
Професорот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет, ќе биде независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, соопшти Граѓанската платформа „Независни заедно“. „Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, велат од платформата. Кандидатурата на професорот е поддржана од граѓанската платформа „Независни“ заедно, составена …
Continue Reading
ДУИ нуди ветинг со меѓународен мониторинг: Нека се истражи имотот на секој политичар и на секоја политичка партија
ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која има право да држи лекции за борбата против корупцијата, криминалот и политичките влијанија, затоа што денес, од позиција на власт, јасно демонстрира дека има само една цел: целосно да ја зароби државата, особено правосудството, велат од ДУИ. Според нив, под водство на оваа влада, политиката отворено се меша во Обвинителството, Републичкиот судски совет и Советот …
Continue Reading
Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 20 пожари во Македонија
Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а изгаснати се 20 пожари, информира Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во Општина Долнени во село Долгаец каде гори мешана шума. Под контрола се пожарите во Јасен, каде гори …
Continue Reading
Германија попушти под притисокот, ќе продолжи да прифаќа бегалци од Авганистан
Германија наскоро ќе ја укине повеќемесечната суспензија за прием на ранливи авганистански државјани што вети дека ќе ги прифати, објави денес весникот „Велт“, повикувајќи се на владини извори, објави „Ројтерс“. Околу 2.000 Авганистанци, на кои им е одобрено преселување во Германија во рамките на програмата за луѓе во ризик под власта на Талибанците, се заробени во соседен Пакистан со месеци …
Continue Reading