„Мицкоски му дели задачи на Орце, како што ѝ делеше и на Арсовска“, велат од СДСМ

„Христијан Мицкоски повторно сака да биде во улога на шпицен градоначалник и им дели задачи на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Овој пат на Орце Ѓорѓиевски, исто како што беше случајот со Данела Арсовска“, велат од СДСМ. „Скопјани добро се сеќаваат: кога Мицкоски и Арсовска делеа задачи и бизниси, сè им функционираше. Заедно ветуваа бесплатен превоз, а Мицкоски највуваше 100 …

Continue Reading

(Видео) Осум загинати во судир меѓу камион и трактор во Индија

Најмалку осум лица загинаа, а околу 43 се повредени откако камион удри во трактор што превезувал аџии во северната индиска држава Утар Прадеш денеска, соопшти индиската полиција. „Три лица се во критична состојба и се на респиратори“, изјави началникот на полицијата во округот Буландшахр, Динеш Кумар Синг. UTTAR PRADESH: 8 DEAD, 30 INJURED AS CONTAINER RAMS TRACTOR-TROLLEY IN BULANDSHAHR. A …

Continue Reading

Истражување: Ковид-пандемијата му наштети на здравјето на мозокот, дури и кај незаразени луѓе

Пандемијата на Ковид-19 била штетна за здравјето на мозокот, дури и кај луѓе кои никогаш не биле заразени, открива нова студија. Научниците предупредуваат дека притисоците на кои биле изложени луѓето, од продолжена изолација до неизвесноста што ја придружувала кризата, можеби ги остареле нивните мозоци. Тие откриле дека стареењето на мозокот за време на пандемијата било „поизразено“ кај мажите, постарите лица …

Continue Reading

Минатата недела „пајакот“ кренал 99 возила во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 17.08.2025 до 24.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 99 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да …

Continue Reading

(Видео) Навивачите на Јунајтед се бесни на капитенот: Пратете го тој клошар во Арабија

Навивачите на Манчестер јунајтед ги искажаа своите фрустрации на социјалните мрежи откако Бруно Фернандеш промаши пенал против Фулам. Капитенот на „црвените ѓаволи“, шутираше високо над голот, што предизвика лавина од коментари и критики на социјалните медиуми. Во дел од коментарите се бара одговорност од лидерот на тимот, некои му порачаа да си змаине. „Ова е најлошото промашување од пенал што …

Continue Reading

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело, нанесувајќи – Тешка телесна повреда. Делото го сторил вршејќи насилство врз жена со која имале претходни лични недоразбирања. На 23 август попладне оштетената отишла да се види со осомничениот пред угостителски објект во населбата Автокоманда. Тој најпрво започнал грубо да ја навредува, …

Continue Reading

ДУИ: Мицкоски на погрешен пат, неуспесите не се покриваат со клевети

„Изјавите на премиерот Мицкоски и неговите повторни клевети зборуваат повеќе за неговата мака отколку за ДУИ. Наместо да даде отчет за слабите резултати на Владата во секоја област – од економијата до меѓународната изолација – тој се занимава со празни напади кон ДУИ“, велат од Демократската унија за интеграција. „Наместо да измислува имагинарни непријатели, Мицкоски треба да објасни: зошто неговата …

Continue Reading

Русинка заробена на планина 12 дена, спасувачката операција прекината

Надежите за спасување на руската планинарка Наталија Наговичина, која е заробена на планина во Киргистан 12 дена, полека бледнеат откако спасувачките операции беа прекинати поради влошување на временските услови. На 12 август, Наговичина ја скрши ногата додека се спушташе од врвот на Џенгис Чокусу, познат и како Врв на победата. Тоа е највисоката планина на ланецот Тјаншан на границата меѓу …

Continue Reading

Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија. „Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот Пулково поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител на комуникациите и маркетингот на аеродромот во Талин. Во ноќта од сабота кон недела, украински …

Continue Reading