(Видео) „Боинг“ принудно слета откако му се запали мотор на лет од Грција со 273 патници

Авион на „Кондор ерлајнс“ на пат од Грција кон Германија мораше да изврши итно слетување во Италија бидејќи еден од моторите се запали кратко по полетувањето. Инцидентот предизвика паника кај патниците, а еден од нив дури и испратил проштални пораки до своите најблиски од страв, пишува „Њујорк пост“. „Боинг 757“ со 273 патници и осум членови на екипажот летал од …

Continue Reading

Поради пожарот кај Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за …

Continue Reading

Меџити: 65 милиони евра за Универзитетскиот кампус и подземниот паркинг на Плоштад Скендербег во Скопје

Изградбата на Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ и подземниот паркинг на Плоштад Скендербег стануваат реалност. За овие крупни проекти се обезбедени 65 милиони евра од државниот буџет, соопшти првиот вицепремиер Изет Меџити. Според него, реализацијата на овие проекти ќе започне многу скоро. „Сè е подготвено за нивниот почеток. Овие инвестиции ќе донесат долгорочни придобивки за студентите, граѓаните и економскиот развој на …

Continue Reading

Фетаи: Ја зајакнуваме транспарентноста на институциите

На денешната седница на Владата, по предлог на заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи, беа усвоени одлуки за зајакнување на транспарентноста и отчетноста на државните институции. „Според анализата на спроведувањето на Стратегијата за транспарентност 2023–2026, координирана од кабинетот на вицепремиерот Фетаи, произлегува дека претходната влада СДСМ-ДУИ реализирала само една активност од 24 мерки и 56 активности предвидени во акцискиот план на …

Continue Reading

Орбан: Само Трамп и Путин можат да го намалат ризикот од Трета светска војна

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, повторно проговори за обидите да се запре војната меѓу Русија и Украина. Орбан, долгогодишен сојузник на Владимир Путин, рече дека „ризикот од Трета светска војна може да се намали само со средба меѓу Трамп и Путин“. Во исто време, тој му противречеше на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кој претходно изјави дека процесот на членство …

Continue Reading

Утре сончево време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 …

Continue Reading

Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов да присуствува на мировна конференција, изјави швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис. Минатата година, федералната влада дефинираше правила за давање имунитет на лице за кое е издадена меѓународна потерница. „Ако тоа лице дојде на мировната конференција, а не од …

Continue Reading

Јавна расправа за ГУП за Гази Баба и Шуто Оризари, граѓаните може да дадат свое мислење

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира jавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Гази Баба и на Општина Шуто Оризари ќе се одржи …

Continue Reading

УЈП со повик: Избегнете стрес и дополнителни трошоци, навреме поднесете ДДВ-04 пријави

Управата за јавни приходи упатува повик до сите даночни обврзници: поднесете ги ДДВ-04 пријавите и платете го даночниот долг за изминатиот даночен период навреме и одговорно за да избегнете стрес и дополнителни трошоци. Крајниот рок за поднесување на пријавите и плаќање на данокот е понеделник, 25 август 2025 година. Од УЈП велат дека до овој момент, само 11% од вкупниот …

Continue Reading