Од утре, прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје известува дека на 19.08.2025 година (вторник), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми и против ларви од комарци. Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19.08.2025 година (вторник) до 22.08.2025 година (петок), од 22 до 03 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши …

Continue Reading

Нови цени на горивата

Од ноќеска на полноќ, бензините поевтинуваат за половина денар, а дизелот за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит,  и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ …

Continue Reading

„Карпошово културно лето“ од 18 до 29 август

  Од 18 до 29 август, во Општина Карпош ќе се одржи манифестацијата „Карпошово културно лето“, која ќе понуди богата и разновидна програма со учество на домашни уметници од различни области. Со оваа манифестација ќе се прикаже креативната енергија и културниот потенцијал на уметниците кои живеат и творат во Општина Карпош, како и најголемите музички имиња и уметници во Македонија. …

Continue Reading

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, информира АМСМ. Од таму додаваат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце …

Continue Reading

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е потврдено дека била дел од истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, праша Јовица Јанковиќ од СДСМ. Наместо да ја разреши и да побара одговорност, додаде тој, Владата молчи и ја остава на функција со што директно …

Continue Reading

Трамп: Кина нема да изврши инвазија врз Тајван додека сум јас на власт; Кина: Тоа е наша работа

Тајван е внатрешно прашање на Кина, соопшти денес Министерството за надворешни работи на Кина, како одговор на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека кинескиот претседател Кси Џинпинг му рекол дека нема да го нападне островот додека Трамп е на функција. Трамп ги даде овие забелешки во интервју за „Фокс њуз“ пред разговорите во Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин …

Continue Reading

(Видео) Русите објавија снимка од тенк со американски и руски знамиња како влегува во битка со Украинците

„Русија Тудеј“ објави видео на кое се гледа американски оклопен транспортер M113 во рацете на руската војска. Според РТ, тенковските екипажи на 70-от моторизиран полк му доставиле на нивниот воен дописник Влади Андрица видео на кое се гледа возило со високо развеани руски и американски знамиња, кое брза кон бојното поле во близина на селото Мала Токмачка. Според истите извори, …

Continue Reading

Але официјално се врати во Утрехт

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Себастијан Але, ја напушти Борусија Дортмунд и денес потпиша договор со холандскиот клуб Утрехт. Кратко по пристигнувањето во Борусија во 2022 година, за време на тренинг му беше дијагностициран тумор на тестисите, што бараше две операции и хемотерапија. Тој се врати на теренот по само шест месеци. Во сезоната 2022/23, Але постигна девет гола …

Continue Reading

Спортско лето 2025 година во Миравци: Заврши Турнирот во мал фудбал „КМФ Млади“

Во Миравци, од 30 јули до 17 август 2025 година, се одржа традиционалниот Турнир во мал фудбал „КМФ Млади“, кој го организира ЗГ „КМФ Млади“- Миравци. Годинава, на Турнирот учествуваа 9 екипи во јуниорска категорија и 16 екипи во сениорска категорија, кои дојдоа од повеќе градови во Македонија. Покрај големиот број пријавени екипи, Турниот привлече и голем број публика која …

Continue Reading