(Видео) Зеленски објави зошто се сретнал со лидерите на ЕУ и шефот на НАТО пред средбата со Трамп
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски откри зошто се сретнал со лидерите на европските земји и НАТО во украинската амбасада во Вашингтон пред средбата со Доналд Трамп. Украинскиот претседател рече дека за време на таа средба „се согласиле за заеднички ставови“. „Мора да го запреме убивањето и им се заблагодарувам на нашите партнери кои работат на тоа и, на крајот на …
Continue Reading
Вашингтон шпекулира: со што ќе се појави Зеленски на средбата со Трамп – одело или тренерка?
Што ќе носи Зеленски вечерва – одело или тренерка – веќе стана тема на разговор во Вашингтон пред денешната средба со Доналд Трамп. Да потсетиме дека во февруари, Трамп го критикуваше украинскиот претседател за тоа што не носел одело за време на нивниот состанок во Овалната соба, а потоа новинарот Брајан Глен постави прашање за тоа, обвинувајќи го Зеленски за …
Continue Reading
Рејтингот на Трамп скокна по средбата со Путин
Рејтингот на американскиот претседател, Доналд Трамп, се зголеми по средбата со неговиот руски колега Владимир Путин, а повеќе од половина од американските гласачи (54 проценти) ги поддржуваат ефектите од неговата работа, според анкетата спроведена од американската агенција за истражување на јавното мислење Insider Advantage. Се забележува дека 44 проценти немаат позитивно мислење за Трамп, додека два проценти се неодлучни, според …
Continue Reading
Жанета Вангели со ретроспективна изложба во Чифте амам
Во четврток, 21.08.2025 година, во 20 часот, ќе се отвори ретроспективната изложба на професор Жанета Вангели во Чифте амам. Овој проект на Националната Галерија на Македонија финансиски е поддржан од Министерството за Култура и туризам. Куратор на проектот е виш кустос Маја Крстевска а стручен соработник, кустос Горанчо Ѓорѓиевски. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната Галерија на Македонија господин …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова: Да продолжиме да градиме силна и кредибилна Армија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на централната свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата, што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Таа нагласи дека филозофијата на самоодржливост, наследена од Илиденците и партизаните, претставува темел на македонската воена доктрина. Сиљановска-Давкова потсети дека Армијата повеќе од три децении ја гради својата приказна како вистински чувар на татковината: од …
Continue Reading
Трамп: Знам точно што правам, решив 6 војни за 6 месеци
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се пофали со своите мировни достигнувања пред денешните потенцијално клучни разговори за Украина. „Знам точно што правам“, рече Трамп. За време на неговиот втор мандат, Трамп постојано се претставуваше како „главен миротворец“, нагласувајќи ја својата улога во решавањето на светските конфликти. Во нова објава на социјалните мрежи, тој повторно се осврна на начинот на кој …
Continue Reading
Кина: Се надеваме на договор за Украина што е прифатлив за сите страни
Кина денес изјави дека се надева на договор за Украина „прифатлив за сите страни“, пред состанокот во Белата куќа меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и неколку европски лидери. Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега би можел речиси веднаш да ја заврши војната со Русија, исклучувајќи ја можноста Киев да ја врати контролата …
Continue Reading
Трамп: Денес е голем ден во Белата куќа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека денес е „голем ден во Белата куќа“. „Америка никогаш немала толку многу европски лидери тука истовремено“, напиша тој на својот профил на „Тру соушал“. „Голема чест за Америка!!!! Ќе видиме какви ќе бидат резултатите???“ Во исто време, според извештајот на агенцијата Укринформ, Володимир Зеленски се среќава со американскиот претставник Кит …
Continue Reading
Зеленски: Трамп има моќ да ја принуди Русија да склучи мир
Кога зборуваме за мир за една земја во Европа, тоа значи мир за цела Европа, порача украинскиот претседател, Володимир Зеленски. „Подготвени сме да продолжиме да работиме со максимални напори за да се стави крај на војната и да се обезбеди сигурна безбедност. Ова се клучните прашања“, напиша Зеленски. I thank @GeneralKellogg for the meeting and for the joint work with …
Continue Reading