Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да вклучи клаузула за колективна одбрана во потенцијален мировен договор за Украина. Зборувајќи во емисијата „Состојбата на Унијата“, Виткоф појасни дека договорот е замислен како заобиколување на црвената линија на Русија – членството на Украина во НАТО. Наместо формално да се …

Continue Reading

Зеленски во Брисел: Не гледам дека Путин е подготвен за средба со мене и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не гледа индикации дека Русија е подготвена за трилатерален самит меѓу него, американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин. „Во оваа фаза, нема индикации од Русија дека трилатералниот самит ќе се одржи“, рече тој за време на кратката заедничка прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Претседателката на …

Continue Reading

Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш. Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Continue Reading

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возтасѕ пд 18 до 56 години. По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје. Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а …

Continue Reading

Сопруга на затвореник од Идризово се обидела да пренесе забранети предмети

Претрес на пакет за осуденикот Е.А. (38) од Скопје откри мобилен телефон. Настанот се случил во затворот во Идризово, а пакетот бил донесен од неговата сопруга. Исто така, велат од МВР, таа се обидела да пренесе и марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Полицијата во акција: сеф со пари исчезна во центарот на Скопје

Во Скопје, во временскиот период од 00:30 до 07:45 часот, било насилно влезено во угостителски објект на улицата Самоилова, при што бил одземен метален сеф со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.

Continue Reading

Заталкан куршум погоди „мерцедес“ во Чаир, возилото е оштетено

Четириесет и шестгодишен маж пријави дека на неговиот „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки му била оштетена хаубата од заталкано зрно од огнено оружје. Според информацијата од МВР, настанот се случил во скопската населба Чаир. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Жена нападната од сопругот во Аеродром

Во Скопје, 40-годишна жена пријави дека околу полноќ била физички нападната од својот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Continue Reading