На југот на Италија се преврте брод со мигранти, најмалку 20 лица загинаа
Најмалку 20 лица загинаа откако брод со мигранти се преврте кај италијанскиот остров Лампедуза во Средоземното Море, објавија денес локалните медиуми и агенцијата за бегалци на Обединетите нации. Спасувачите досега пронајдоа 20 тела, а спасувачките операции продолжуваат, според новинската агенција Анса. Се верува дека преживеале помеѓу 70 и 80 лица. Филипо Унгаро од агенцијата за бегалци на ОН УНХЦР изрази …
Continue Reading
Средбата меѓу Трамп и европските лидери е во тек
Според соопштението за медиумите на француското претседателство, започна онлајн самитот, на кој учествуваат американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европската Унија. Се очекува на состанокот да се разговара за војната во Украина и европската безбедност, пред состанокот помеѓу Трамп и рускиот претседател, Владимир Путин, закажан за в петок.
Continue Reading
Русија ги објави своите услови за примирје пред средбата меѓу Трамп и Путин
Русија денес соопшти дека нејзината позиција за војната во Украина не се променила откако претседателот Владимир Путин ги постави своите услови минатата година: Украина целосно да ги повлече своите сили од клучните украински области и да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО. Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат во Алјаска в петок, што ќе …
Continue Reading
Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори
Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во ловиштето „Јасен“, каде што веќе неколку дена вработени во ДЗС, припадници на специјалните единици на МВР и Министерството за одбрана се борат со пожарот. „Пожарот е делумно под контрола, иако во позадина има огромни јазици пламен. Дејствуваат воздухоплови, Ер трактори и хеликоптери, а се надевам …
Continue Reading
Уште гори кај Јасен – регистрирани седум пожари низ државата
До 12 часот денеска во земјата се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати. Активни пожари има во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод, на Октишка краста во општина Струга и во атарот на селото Могила во истоимената општина, соопшти ЦУК. Под контрола е пожарот меѓу …
Continue Reading
„Кому му е гајле за реалноста?“ – Фестивалот за документарен филм „Македокс“ почнува следната недела
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ја одржа главната прес-конференција, на која беше објавена комплетната програма и сите фестивалски активности за 16. издание. На прес-конференцијата се обратија Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, Петрула Вељановска, програмски координатор на „МакеДокс“, и Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“. Фестивалот „МакеДокс“ ќе се одржи од 21 до 28 август со програма …
Continue Reading
Со закана му барал 20.000 евра – тинејџер од Струга притворен поради изнуда
Охридската полиција поднесе кривична пријава против 19-годишниот Л.П. од Струга за изнуда. Како што информира МВР, осомничениот во периодот од 4 до 12 август 2025 година преку мобилна апликација барал 20.000 евра од едно лице од Охрид, заканувајќи му се. При преземање на мерки кај него биле пронајдени обележани пари, по што бил приведен. Одредена му е мерка притвор и …
Continue Reading
Санчо само под негови услови ќе го напушти Манчестер јунајтед
Џејдон Санчо, еден од непожелните играчи на „Олд Трафорд“, им соопштил на клупските челници под кои услови ќе го напушти Манчестер јунајтед. Санчо ја помина претходната сезона на позајмица во Челзи и постигна гол во финалето на Конференциската лига во победата против Реал Бетис (4:1). Вкупно, Санчо одигра 41 натпревар минатата сезона во дресот на Челзи, но тоа не беше …
Continue Reading
Уставен оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија
Уставниот суд оформи предмет по иницијатива на Лилјана Поповска, со која се оспорува Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан на 17 јули 2022 година во Софија. Судот соопшти дека е во тек претходна постапка за прибирање на податоците и известувањата потребни за донесување одлука. Во иницијативата се наведува дека Протоколот е во спротивност со член …
Continue Reading