(Видео) Израелската армија: Убивме новинар на Ал Џезира
Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на Ал Џезира, Анас Ал Шариф (28), во напад врз градот Газа, обвинувајќи го дека раководел со ќелија на Хамас. „Анас Ал Шариф служел како водач на терористичка ќелија во рамките на терористичката организација Хамас и бил одговорен за ракетни напади врз израелски цивили и војници на ИДФ“, соопшти вчера израелската војска. …
Continue Reading
Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе
Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од високите температури и силните ветрови, објавија властите. Околу 400 луѓе беа раселени во и околу градот Каруседо, а уште 700 од неколку градови во близина на местото Лас Медулас, древен римски рудник за злато познат по своите спектакуларни црвени карпи …
Continue Reading
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе …
Continue Reading
Дел од Карпош без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Continue Reading
Дел од општина Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).
Continue Reading
Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека околу 30 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица и ГП Дојран времето на чекање е околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез …
Continue Reading