Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Карабах
Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкендија и Карабах, кој се одигра вчера во Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. „И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушнаа повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“ пораки …
Continue Reading
(Видео) Младите во Македонија спасот го гледаат надвор, бројот на вработени намален за 17.000, велат од СДСМ
Последните податоци се алармантни, откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе, истакна на прес-конференција Јовица Јанковиќ од СДСМ. Ова, како што рече, не е само статистика. Ова, според него, е вистината зад илјадници човечки судбини, намален број работни места, заминати млади, уништени надежи, растечка сиромаштија. „Ова е …
Continue Reading
Путин се сретна со Виткоф
Рускиот претседател Владимир Путин денес го прими специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф. Средбата се одржува во Кремљ, соопшти прес-службата на рускиот претседател, пренесува ТАСС. Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави, Стив Виткоф, денес пристигна во Москва, каде што го пречека генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (RFDIF), Кирил Дмитриев, по што го посетија паркот Зарјадје во …
Continue Reading
(Видео) Мајмун упадна во ресторан во Црна Гора, им го изеде ручекот на гостите
Инцидент се случи во ресторан во Сутоморе – мајмун скокна од дрвјата на маса, а гостите избегаа во паника. Видео од ресторан на црногорскиот брег остави многумина во шок, а коментарите се слеваа со брзина на светлината. Главниот виновник е мајмун кој влегол во ресторанот сред бел ден и ги оставил гостите без ручек. View this post on Instagram …
Continue Reading
Возел со 155 километри на час, на место каде што дозволената брзина е 80: уапсен возач од Швајцарија
Вчера во 11.35 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.Љ.(37) од Швајцарија. При сообраќајна и контрола со радар, било констатирано дека тој управувал возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е ограничена со знак од 80 километри …
Continue Reading
Одземен претседателскиот мандат на Милорад Додик: тој веднаш одговори
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот на правосилно осудениот претседател на Република Српска, Милорад Додик. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница. Додик е осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење службени функции, потсетуваат медиумите во регионот. Според Изборниот закон на БиХ, на секој што ќе биде осуден на правосилна затворска …
Continue Reading
На 12 август Јавна презентација за Проектот „Изведба на гасоводот помеѓу МК-ГР“
Се известуваат граѓаните на општина Гевгелија дека на 12 август 2025 (вторник), во Малата сала на Народниот театар, со почеток од 14:30 часот, ќе се одржи Јавна презентација по повод започнување на реализацијата на Проектот: „Изведба на гасоводот помеѓу Северна Македонија и Грција, на територија на Северна Македонија“. Јавната презентација се организира со цел запознавање на локалното население со проектните …
Continue Reading
Додик по одземање на мандатот: Уште едно с**** од Сараево
Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК) денес му го одзеде мандатот на Милорад Додик како претседател на Република Српска, врз основа на конечна пресуда на Судот на БиХ, со која тој беше осуден на една година затвор за неспроведување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница. ЦИК едногласно му го одзеде мандатот на Додик (66) како претседател на ентитетот, …
Continue Reading
Започна изградбата на водоводна, фекална и атмосферска канализациона мрежа во Урбан блок 4.4 во Гевгелија
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, извршија увид во градежните активности во Урбан блок 4.4 во Гевгелија. Со нивната посета, официјално беше означен почетокот на реализацијата на Проектот за изградба на нова водоводна, фекална и атмосферска канализациона мрежа. Станува збор за еден од деловите на градот кој интензивно се …
Continue Reading