Осомничен за трговија со дрога ја искинал наредбата за претрес во неговиот дом
Oбвинителството поведе истрага против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Тој е осомничен и за одземање или уништување службен печат или спис. Осомничениот, во својот дом во Гевгелија, неовластено заради продажба држел 26,42 грама наркотична дрога кокаин. Дрогата и повеќе други предмети со траги од кокаин биле пронајдени на 1 август, при претрес во неговата …
Continue Reading
Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите
„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули – што е околу 7 отсто од вкупната глобална работна сила – и покрај тоа што забележа квартален профит зголемен за речиси 25 проценти и пазарна вредност што ја надмина границата од 4 трилиони долари. Извршниот директор Сатја Надела вели дека „Мајкрософт“ напредува одлично, но паралелниот бран …
Continue Reading
Oтворањето на изложбата „Цвеќе на мирот“ на Живко Поповски – Цветин во Галерија „Метаноја“
Изложбата „Цвеќе на мирот“ на Живко Поповски – Цветин ќе биде отворен во галерија „Метаноја“ во среда 6 август 2025 година од 11:55 часот. На настанот ќе учествуваат Лидија Лучко-Јеремиќ со поема по повод атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки. Музичко поетски перформанс ќе имаат музичарот Никола Стојковски и актерката Арна Шијак. За изложбата д-р Коста Милков вели, „Низ долгите …
Continue Reading
Пожарот во фабриката „Мирана“ во Велес се гаснел цела ноќ, изгорел магацин со фрижидери и канцеларија со документи
Пожарот што синоќа избувна во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот. Според информациите од надлежните, огнот зафатил магацински простор и канцеларии, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење. Пожарот бил пријавен околу 22 часот. Горел магацин каде што имало пластична амбалажа, фрижидери и друг материјал, како и канцелариски …
Continue Reading
Синот на Нетанјаху го навреди катарскиот емир и неговата мајка: Модерен Хитлер и Гебелс
Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, го нарече емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, и неговата мајка Моза бинт Насер – „модерен Хитлер и Гебелс“. Според објавата на платформата Икс (поранешен Твитер), тој напиша: „Катар е главната сила зад брановите на антисемитизам каков што не сме виделе од 1930-тите и 1940-тите. Катар е модерна нацистичка Германија. …
Continue Reading
Сара Џесика Паркер со емотивна објава се прости од Кери по 27 години
По три сезони, HBO-серијата „И едноставно така“, продолжение на култната „Сексот и градот“, официјално е откажана. Веста ја потврди главната актерка и продуцентка Сара Џесика Паркер, која преку трогателна објава се прости од ликот што ѝ ја одбележа кариерата – Кери Бредшо. Паркер на Инстаграм објави емотивно писмо во кое им се заблагодари на сите што ја создаваа серијата заедно …
Continue Reading
(Видео) Со концерт на Ана Дурловски, „Охридско лето“ го прослави 65. роденден
Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која настапи со пијано придружба на Анархит Тер-Татшатјан, синоќа беше одбележан 65. роденден на фестивалот „Охридско лето“. Концертот се одвиваше во катедралната црква „Света Софија“, каде што пред повеќе од шест децении почна целата приказна наречена „Охридско лето“. https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/08/14eeea5a-c1b4-4821-9d05-2c300360043f.mp4 На настанот присуствуваше и министерот за култура, …
Continue Reading
Зеленски ги посети војниците на бојното поле: „Тие се борат против платеници од Азија и Африка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека руските сили што се борат во близина на градот Вовчанск во Харковската област вклучуваат странски платеници од Кина, Таџикистан, Узбекистан, Пакистан и неколку африкански земји. За време на посетата на 57. Одделна моторизирана пешадиска бригада, која го брани секторот Вовчанск, Зеленски се сретна со командантите за да разговара за ситуацијата на бојното поле, …
Continue Reading
Голем пожар во фабрика во Велес
Синоќа избувна голем пожар во фабриката за храна „Мирана“, лоцирана во индустрискиот блок на Велес, потврдија надлежните. На барање на Територијалната противпожарна единица Велес, привремено беше исклучена електричната енергија во фабриката. „Во Велес, кај индустрискиот блок, опожарена е фабриката ‘Мирана’. По барање на ТППЕ Велес, исклучена е струјата во фабриката. Единиците за гаснење на пожарот се на терен“, информираше директорот …
Continue Reading