Ќерката на Мајкл Џексон откри дека ја раскинала свршувачката со познатиот актер: „Ова се солзи на раскин“

Парис Џексон, 27-годишната ќерка на легендарниот крал на поп-музиката, Мајкл Џексон, и американскиот актер Џастин Лонг ја раскинале свршувачката по три години врска. Веста ја сподели самата Парис на социјалната мрежа „Икс“, каде напиша: „Ова се солзи на раскин. Повторно сите се провлекувате“. Инаку, пејачката во декември преку Инстаграм ја објави свршувачката со Лонг, но објавата подоцна беше избришана. Во …

Continue Reading

Палиња во Тотенхем

Португалскиот репрезентативец Жоао Палиња се сели на едногодишна позајмица во Тотенхем. Тесната соработка меѓу Баерн и Тотенхем продолжува. Трансфер рокот не поминува без играч да премине од еден клуб во друг. Блиски примери се Хари Кејн, Ерик Дајер, Матис Тел, а сега и Жоао Палиња се приклучи на таа листа. Португалецот се враќа во Премиер лигата. И тоа во познат …

Continue Reading

Германија ќе испорача два нови ракетни системи „Патриот“ на Украина

Германија соопшти дека ќе испорача два ракетни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Украина, по договорот со САД дека Берлин ќе биде првиот што ќе ја добие најновата верзија на тој систем за возврат. Благодарение на вклучувањето на САД, „Германија првично ќе ја поддржи Украина со лансери, а потоа и со дополнителни компоненти на системот „Патриот“, изјави германскиот министер за …

Continue Reading

(Видео) СДСМ со апел до Силјановска: Да не се потпишуваат законите за полиција

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, денеска на прес-конференција упати јавен апел до претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова да не ги потпише указите за новите Закони за полиција и за внатрешни работи. Чупеска посочи дека измените предвидуваат партизација на полицијата, со што, според СДСМ, се укинуваат професионалните стандарди и се зголемуваат дискреционите овластувања на министерот за внатрешни работи. Таа предупреди и …

Continue Reading

Криумчар удри во патарини, возила и нападна полицаец – приведени две лица по полициска потера кај Градско

Двајца државјани на Косово се приведени синоќа по драматична полициска потера на автопатот Градско – Скопје, откако се обиделе да пренесат осум мигранти од Народна Република Кина во возило со косовски регистарски ознаки. Инцидентот започнал околу 21:40 часот кога возилото „фолксваген кеди“, управувано од 24-годишниот Г.Л., а со сопатник 18-годишниот Б.Л., не застанало на полициски знак за запирање и продолжило …

Continue Reading

ДОМ: Претпразнични и предизборни партиски вработувања во инспекторатот за животна средина

Демократска обнова на Македонија реагира на огласот бр. 3/2025 објавен на 31.07.2025 година од Министерството за животна средина за вработување на 11 помлади инспектори во Државниот инспекторат за животна средина на определено време до 31.12.2025 година, со нереален рок за аплицирање од само три дена до 02.08.2025. Од ДОМ овој чекор го оценуваат како неприфатлива манипулација пред локалните избори. Појаснуваат …

Continue Reading

Со ретровизорот ја удрил во главата и починала: обвинение за возач кој имал слепило а управувал товарно возило

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 03.12.2024 година, на регионалниот пат Р1103 Лакавица-Дреново-делница Пепелиште-Неготино, управувал товарно моторно возило „Ситроен џампер“ со велешки регистарски ознаки иако во тој момент …

Continue Reading

Гвардиола на засилувања потрошил 2,5 милијарди, во Топ 5 се Мурињо, Анчелоти, Симеоне, Алекгри

Специјализираниот портал „Tрансфермаркт“, објави листа на тренери кои потрошиле најмногу пари за нови играчи во текот на нивните кариери. Листата ја предводи Пеп Гвардиола, како тренер на Барселона, Баерн и Манчестер сити. Пеп Гвардиола е убедливо прв, му треба многу малку за да ја достигне бројката од околу две и пол милијарди евра. Засега, од 2008 година до денес, тренирајќи …

Continue Reading

Случајот со претседателката на антикорупциската комисија најматен настан за јули, според „Транспаренси“

„Транспаренси Интернешнл-Македонија“ го објави редовниот месечен извештај „Бистро-Матно“ за месец јули 2025 година, во кој се евидентирани повеќе случаи на коруптивни дејствија, злоупотреби на службена положба и сериозни системски слабости во институциите. Во делот „Матни настани“, извештајот се осврна на случајот против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, против која е поднесено обвинение за оддавање …

Continue Reading