Приведен прилепчанец: возел под дејство на алкохол

Вчера во 14:00 часот на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Ѓ.(52) од с.Воѓани, прилепско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал С.Ѓ., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,79 промили алкохол во …

Continue Reading

Зголемена фреквенција на возила, на граничните премини Табановце и Богородица се чека до 45 минути

Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 18.07.2026 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Од АМСМ известуваат дека поради изведување на …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски

Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски. Фактот што ниту еден функционер од СДС, кои држеа високи државни позиции, и за кои постојат сериозни индиции, но и докази за големи криминали не е во затвор, говори каква е врската на СДС со главниот обвинител …

Continue Reading

Превезувал огревно дрво без документација: приведен арачиновец

Синоќа во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Б.(23) од село Арачиново. При преглед на товарно моторно возило „ивеко“ без регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека превезувал огревно дрво без соодветна дозвола. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Ветингот не го сакаат тие што донираат јавни имоти, прифаќаат сомнителни српски донации и градат дивоградби, велат од ДУИ

Ветингот претставува институционална и општествена нужност, со цел враќање на довербата на граѓаните во правдата, во државните институции и во самиот демократски систем. Цврсто веруваме дека не може да има функционална држава и праведно општество без сеопфатен процес на ветинг со меѓународен надзор, кој ќе донесе транспарентност, отчетност и одговорност на сите нивоа на власта, велат од ДУИ. „Ставот на …

Continue Reading

Пукање на семејна веселба во Куманово: уапсени две лица

Вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М. (30) и С.М.(25), двајцата од Куманово. Постапувајќи по претходна пријава дека имало пукање од огнено оружје на семејна веселба во Куманово, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во нивниот дом, при што биле пронајдени и одземени два пиштоли, за кои постои сомнение дека со нив пукале на веселбата. …

Continue Reading

Дали се укинува сезонското поместување на часовникот- рестартиран процесот во ЕУ

Европската комисија објави дека ќе започне нова анализа во врска со укинувањето на сезонското поместување на времето, што претставува прв институционален чекор на оваа тема од 2019 година. Оваа одлука е донесена на иницијатива на Полска, која моментално претседава со Советот на ЕУ, и на барање на поединечни членови кои сакаат дополнително разгледување на оваа тема. Со ова се рестартира …

Continue Reading

Вечер што ќе се памети со македонскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски

Енергичен и впечатлив настап на „Охридско лето“ имаше еден од најдобрите гитаристи на македонската, но и светската сцена, Дамјан Пејчиноски, кој вчеравечер беше дел од фестивалската програма заедно со неговиот квинтет, Дејан Милосављевиќ на ударни инструменти, перкусионистот Зоран Јасгоридовски, Горан Гешовски на бас-гитара и пијанистот Трајче Станков. Програмата со којашто настапија и ѝ приредија на публиката прекрасна вечер содржеше авторски …

Continue Reading

(Видео) Наезда од скакулци во Украина: „Последица на војната“

Наезда од скакулци ја уништува јужна и источна Украина, загрозувајќи ги посевите во регионите Запорожје, Днепар, Херсон и Одеса. Експертите го поврзуваат ова со климатските промени и катастрофата на браната Каховка. A locust outbreak is sweeping through southern and eastern Ukraine, threatening crops in Zaporizhzhia, Dnipro, Kherson, and Odesa regions. Experts link it to climate change and the Kakhovka dam …

Continue Reading