Хау: Сакам Исак да биде во Њукасл и следната сезона

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, изјави дека сака шведскиот репрезентативец Александар Исак (25) да остане во англискиот клуб, објави денес „Скај Спортс“. Британските медиуми објавија дека Исак не отпатувал со тимот на Њукасл, кој е на предсезонска турнеја во Азија. Исак неодамна го информираше клубот дека сака да „истражи други опции“ за време на летниот преоден рок. Ливерпул покажа интерес …

Continue Reading

ДУИ со повик до партиите да го поддржат законот за ветинг

ДУИ упати повик до сите политички партии да  го поддржат предлог-законот на ДУИ за ветинг. Според партијата, процесот на ветинг е неопходен и клучен за да се изгради довербата на граѓаните во правдата, институциите и државата. „Нашиот став е јасен и непроменлив: им упатуваме повик на сите парламентарни политички партии да го поддржат предлог-законот на ДУИ за ветинг со меѓународен надзор, еден …

Continue Reading

Отворена нова градинка „Верверичка“ во Кисела Вода

Во населбата 11 Октомври Згради во општина Кисела Вода денеска беше отворена новата градинка „Верверичка“, како дел од ЈДГ „Весели Цветови“. Градинката е изградена во финансиско партнерство помеѓу Општина Кисела Вода и Комерцијална банка, која со донација од 6 милиони придонесе за реализација на овој проект, вреден над 14 милиони денари. Новата градинка се простира на површина од 525 м², …

Continue Reading

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата “ и „загрозување на животната средина и природата со отпад “. Според информациите од СВР-Охрид, тој, постапувајќи несовесно при извршување на своите законски обврски и не вршење должен надзор, од 2020 година, дозволил да биде формирана дива …

Continue Reading

ВЛЕН: ДУИ, Левица и Арсовска го разгоруваат меѓуетничкиот оган со Ќосето

ВЛЕН алармира против, како што велат, сериозна, ниска и опасна провокација, оркестрирана од дестабилизирачкиот сојуз ДУИ – Левица – Данела Арсовска, кој се обидува да го запали огнот на меѓуетничката поделба во срцето на Скопје, преку, како што велат од ВЛЕН, скандалозното повторно поставување на споменикот на Андон Лазов-Ќосето, темна и насилна фигура што симболизира омраза, насилство и поделба. „Ова …

Continue Reading

Претставата „Приказната на Електра“ од Дејан Пројковски премиерно изведена во Јужна Кореја

Дејан Пројковски е првиот македонски режисер што поставил театарска претстава во соработка со национални институции во Јужна Кореја. Двете премиерни изведби, публиката во Инчеон ја испрати со стоечки овации. На 26 јули во Инчеон, Јужна Кореа, се случи премиерата на театарската претстава „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски. Претставата беше дел од програмата на Националниот …

Continue Reading

Концерт на македонскиот виолинист Емир Имеров и израелскиот пијанист Ваг Папиан на „Охридско лето“

Репертоарот на класична музика на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со концерт на македонскиот виолинист Емир Имеров и израелскиот пијанист Ваг Папиан. Извонредните музичари ноќта ја започнаа со „Скерцо“ од Јоханес Брамс, а ја продолжија со композицијата „Фантазија во C-dur D934“ од Франц Шуберт. Репертоарот беше заокружен со прекрасна изведба на Бетовеновата „Соната бр.9 A-dur оп.47 „Кројцер“. Емир Имеров е роден …

Continue Reading

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес имаме и докази. Полицијата го уапсила лицето А.Н. шофер на Зоран Заев за подметнување на пожар, изјави Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Фактот што шоферот на Заев ги подметнувал пожарите, додаде тој, отвора прашање, каква е вмешаноста лично на Венко …

Continue Reading

Возач во Гостивар усмрти 18-годишен мотоциклист

Полицијата уапси гостиварец кој со автомобил предизвика несреќа и усмрти млад мотоциклист. Според информациите од МВР, ноќеска во 01.40 часот било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул.„Илинденска“ во Гостивар, помеѓу патничко возило „бе-ем-ве“ со швајцарски национални ознаки, управувано од И.М.(38) од с.Балиндол, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Гостивар. Од здобиените повреди на …

Continue Reading