Ертракторите дејствуваат врз пожарите кај Преспанското езеро и Желино: „Нема опасност по куќите“
Еден ер трактор на ДЗС полнејки вода од езерото успешно дејствуваше во повеќе налети врз пожарот до Преспанско езеро додека вториот ер трактор врз пожарот кај Желино и Еребино, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спсување, Стојанче Ангелов. Полицискиот хеликоптер дејствува врз пожарот во прилепско околу селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец. Кон овие села се упатува и еден …
Continue Reading
Зеленски: Во третата рунда директни преговори со Русија ќе инсистирме на три точки
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во третата рунда директни мировни преговори со Русија во Истанбул, Украина ќе инсистира на три клучни точки: враќање на воените заробеници, враќање на децата киднапирани од Русија и подготовка на самит. „Нашата агенда е јасна: враќање на воените заробеници, враќање на децата киднапирани од Русија и подготовка на состанокот на лидерите“, напиша Зеленски …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова го прими мароканскиот министер за надворешни работи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Насер Бурита, министер на Кралството Мароко за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници, кој престојува во официјална посета на земјава. Според неа, Мароко, како една од водечките земји во МЕНА регионот е природен политички и економски мост меѓу Европа и Северна Африка, со клучна улога во регионалната стабилност и просперитет, како и во гарантирањето …
Continue Reading
(Видео) Трамп објави видео со вештачка интелигенција од апсење на Обама
Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели на својата социјална мрежа „Тру соушал“ видео генерирано од вештачка интелигенција кое прикажува апсење на поранешниот американски претседател Барак Обама. Видеото ги прикажува Трамп и Обама како седат и се смеат во Белата куќа, пред агентите на ФБИ да влезат во собата и да го соборат Обама на земја и да му стават лисици. …
Continue Reading
(Видео) Силна бура погоди аеродром во Франција
Подрачјето на аеродромот Тур во францускиот регион Центар-Вал де Лоар беше погодено од силен ветер утрово, оставајќи зад себе значителна материјална штета. Застрашувачките сцени беа снимени околу 10:23 часот наутро, а снимките од вртлогот брзо се проширија на социјалните мрежи. Овој екстремен феномен се случи во услови на изразена атмосферска нестабилност, за која метеоролозите однапред предупредија. Tornade 🌪️ à Tours …
Continue Reading
Италија е меѓу најизложените членки на ЕУ на американските царини
Американските царини од 30 проценти за стоки од Европската Унија би можеле да го намалат БДП-то на Италија за 0,8 проценти во 2027 година, предупреди здружението Конфиндустрија. Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини од 30 проценти за увоз на стоки од ЕУ на 1 август, предупредувајќи на „цврстата“ позиција на Брисел во преговорите за трговија. …
Continue Reading
Од денеска во Охрид заеднички патроли на македонските и српските полициски службеници
Денеска (21.07.) во Охрид отпочнаа со функционирање заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од македонското и српското Министерство за внатрешни работи. Патролите се реализираат врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства според кој, предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот на сезоната од 20 …
Continue Reading
Завршна изложба и керамичка работилница: Глина што поврзува- приказна на заедништво и уметност
На 18 јули 2025 година, во просториите на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, се одржа завршната изложба на керамички сувенири изработени во рамки на десетдневната креативна работилница под менторство на уметничката Гордана Николоска Петрова- академска вајарка и музејски копист, позната по својата посветеност на културното наследство и современата уметност. Изложбата, која претставуваше кулминација на процес исполнет со креативност, …
Continue Reading
Американски сенатор: Трамп планира да воведе стопроцентни царини за земјите што купуваат руска нафта
Американскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе царини за земјите што купуваат руска нафта, вклучувајќи ги Кина, Индија и Бразил. Овие три земји купуваат околу 80 проценти од руската нафта по намалени цени, со што ја финансираат руската воена машинерија, според Греам, пренесуваат светските медиуми. „Путин, твој ред е. Доналд Трамп ќе те среди. …
Continue Reading