Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини
Владата потпиша договор со 49 општини за трајно користење без надомест на напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL, во вкупна вредност од 1.000.000 евра. Од Владата велат дека иницијативата е дел од заложбите за подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на последиците од аерозагадувањето, особено во јавните објекти во кои престојуваат најосетливите категории на …
Continue Reading
Муцунски ja потпиша декларацијата за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во британскиот Форин офис, во рамки на неколкудневната работна посета на Обединетото Кралство, оствари средба со неговиот домаќин – државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами. Во рамки на оваа средба од историско значење, која отвора ново поглавје …
Continue Reading
Нови 40 паркинг места во Буњаковец, на локација каде имаше дива депонија
Општина Центар започна со изградба на нов паркинг, лоциран зад катната гаража во Буњаковец, со капацитет за 40 возила. Во моментот се изведуваат активности за израмнување и асфалтирање на теренот, по што ќе следи обележување на паркинг-местата и брзо пуштање во употреба. „Идејата за нов паркинг дојде директно од жителите на Буњаковец, кои на маалските средби тоа го посочија како …
Continue Reading
Меџити: Обезбедивме 2,5 милијарди денари за чиста вода, здрава средина и безбедна инфраструктура во општините
Денеска беа потпишани договори со кои на 51 општинa ќе им бидат распределени околу 2,5 милијарди денари за реализација на 143 инфраструктурни проекти во областа на водоснабдување, канализација, атмосферска заштита и регулација на речни корита. „Ова се инвестиции во достоинството на граѓаните и одговорноста кон природата. За првпат инвестираме на толку широк фронт, во сите делови на државата. Граѓаните мора …
Continue Reading
Горат шуми и ниска вегетација во Велес, Македонски Брод, Василево и Дојран
До 13:30 часот, регистрирани се вкупно 4 пожари на отворен простор, и сите се активни, информираше Надица Вчкова во име на Главниот штаб за управување со кризи. Во Општина Велес гори кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, со два крака: еден кон с. Иванковци и друг кон с. Крушје (мешана шума). Во текот на денот тука беа испратени две …
Continue Reading
Пожар во старото училиште во Ракотинци, повреден пожарникар
Рано утрово, во 03:27 часот, во полицијата било пријавено дека избувнал пожар во стариот објект на основното училиште во село Ракотинци, скопско. На терен интервенирала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, која успеала да го изгасне пожарот. За време на интервенцијата е повреден еден пожарникар, кој бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош. Се работи …
Continue Reading
Mлада скопјанка нападната од вонбрачниот партнер и неговата мајка
23-годишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната во семејниот дом во скопската населба Гази Баба. Според пријавата поднесена на 16 јули, жената била нападната од мајката на нејзиниот вонбрачен сопруг, Л.Ј. (48). Таа, исто така, навела дека два дена претходно била физички нападната и од самиот вонбрачен сопруг, Ј.Ј. (27), исто така од Скопје. Од МВР …
Continue Reading
Измамен скопјанец со лажни полиси за осигурување
68-годишен маж од Скопје пријавил дека во период од една година, од женско лице Т.П.Н. бил измамен за сума од 48.875 денари. Според пријавеното, таа се претставила како осигурителен брокер, вработена во правен субјект, и му понудила полиси за осигурување за неговиот недвижен имот во Скопје и Дојран, од кои на трансакциска сметка платил 33.875 денари, додека пак во готово …
Continue Reading
Скопјанка измамена со ветување за брак, загуби 9.700 евра
65-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена преку социјална мрежа. Во мај годинава, таа почнала онјан да комуницира со маж и се договориле да се земат. Мажот ѝ побарал пари за да може да се сретнат во Охрид, па таа во три наврати му испратила 6.700 евра преку брз трансфер, а дури подигнала и кредит од 3.000 евра. Но, …
Continue Reading