Трамп: Ракетите за системите „Патриот“ веќе се на пат кон Украина, пристигнуваат од Германија

Ракетите за системот за воздушна одбрана „Патриот“ наменети за Украина веќе се на пат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Киев Индепендент“. „Тие веќе се испраќаат“, им рече Трамп на новинарите кога беше прашан за испораката на ракетите „Патриот“ и друга опрема. „Тие се увезуваат од Германија, а потоа Германија ги надополнува залихите. И во сите случаи, на Соединетите Држави …

Continue Reading

Кубанска министерка даде оставка по изјавата дека во Куба нема просјаци

Kубанската министерка за труд, Марта Елена Феито Кабрера, беше принудена да поднесе оставка откако изјави дека во Куба нема просјаци. Министерката тврдеше во парламентот дека „нема просјаци“ во земјата и дека луѓето што пребаруваат ѓубре го прават тоа за да „заработат лесни пари“. Овие изјави, дадени за време на парламентарната седница, предизвикаа остри критики од Кубанците во земјата и во …

Continue Reading

Приведен возач од Гевгелија оти возел со 99 км на час, а било дозволено 40

Вчера кај селото Брајковци, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода Ѓ.Ш.(21) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ѓ.Ш. управувал патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 99 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 40 километри на …

Continue Reading

Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. „Да се биде полицаец е повик а не обична професија. Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец. Ако се одлучиш да го следиш својот повик, да го прифатиш предизвикот, те очекува едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука“, велат од МВР. Обуката се …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Секој студент до 29 години ќе добие ваучер од 250 евра за набавка на таблет, компјутер или лаптоп

Наместо декларативни изјави како во минатото СДС и ДУИ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата, нуди решенија и покажува вистинска грижа за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Секој студент, со навршени 29 години ќе добие по 250 евра или 15.300 денари за да набави техничко помагало. Сите редовни и вонредни студенти на додипломски студии запишани на државни или приватни факултети …

Continue Reading

„Влен“: За еден ден, оваа влада направи повеќе за Албанците отколку ДУИ за цел еден мандат

Во еден единствен ден, вчера Владата во која „Влен“ е рамноправен партнер донесе повеќе одлуки од суштинска корист и значење за Албанците во државата отколку што која било влада на ДУИ успеала да донесе во цел еден мандат, велат од „Влен“. Во партиското соопштение се наведува дека овие резултати се доказ дека кога Албанците се вистински застапени на масата за …

Continue Reading

Вулкан еруптираше во Исланд

Вулкан еруптираше во југозападен Исланд, соопшти Исландската метеоролошка служба, што е најновата од серијата ерупции во близина на главниот град во последните години. Како што пишува Ројтерс, оваа северноатлантска островска нација, честопати нарекувана земја на мраз и оган поради бројните глечери и вулкани, веќе доживеа дванаесет ерупции откако геолошките системи на полуостровот Рејкјанес беа реактивирани во 2021 година. Ерупциите, познати …

Continue Reading

Трамп: Бонди треба да објави сè што смета за веродостојно за Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека државната обвинителка Пам Бонди треба да објави „сè што го смета за веродостојно“ за осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, додека се соочува со редок бран критики од внатрешноста на својата база поради обидите да се стави крај на тој случај. Бонди наиде на осуда од дел од политичката база на Трамп откако минатата недела …

Continue Reading

Сончево и топло време со температура до 39 степени

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево време и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен …

Continue Reading