„Фајненшл тајмс“: Трамп го праша Зеленски дали може да ги нападне Москва и Санкт Петербург

Според „Фајненшл тајмс“, американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја повикал Украина да размисли за напад подлабоко на руска територија и директно го прашал украинскиот претседател Володимир Зеленски дали, доколку добие американско оружје со долг дострел, би можела да ја таргетира Москва. Весникот се повикува на луѓе запознаени со разговорот меѓу двајцата лидери на 4 јули. Трамп, според изворот, рекол дека …

Continue Reading

Во ЕУ минатата година, околу 27 проценти од возрасните не можеле да си дозволат една недела одмор подалеку од дома

Во Европската Унија минатата година, околу 27 проценти од населението на возраст од 16 години и повеќе не можеле да си дозволат една недела годишен одмор далеку од дома, објави денес Евростат. Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека овој удел се намалил за 1,5 процентни поени во споредба со 2023 година и е значително помал, за 10,6 процентни …

Continue Reading

Александра Круниќ го заврши учеството на турнирот во Хамбург

Српската тенисерка Александра Круниќ го заврши учество на турнирот  во Хамбург по поразот од Унгарката Далма Гали. Таа е 111. тенисерка во светот, која победи со резултат 6:4, 6:1 по 1 час и 19 минути. Галфи стекна предност против 363. тенисерка на светот во сингл по два брејка и водство 4:0. Иако 32-годишната тенисерка врати еден брејк, не успеа да …

Continue Reading

Кремљ: Заканите на Трамп се сериозни

Неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија, вклучително и заканата од „строго дефинирани тарифи“ против Москва, се сериозни и бараат понатамошна анализа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Трамп вчера најави нови испораки на оружје за Украина и предупреди дека купувачите на рускиот извоз би можеле да се соочат со санкции доколку Русија не се согласи на мировен …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: За СДС училишните клупи беа место за партиска пропаганда

Кога станува збор за партизација на институциите, СДС прво нека се погледне себеси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Партиските функционери на СДС организираа партиски настани во основни училишта. СДС ги претвори училишните клупи во место за партиска пропаганда. Наследството во образованието што го оставија СДС и ДУИ беше катастрофално, образованието беше во длабок минус, учениците беа оставени без учебници, наставниот и стручниот …

Continue Reading

Алијанса за Албанците: Цените на храната, енергијата, здравствените услуги се драстично зголемени, граѓаните ја плаќаат цената на економската криза

Претседателката на Форумот на жени при Алијансата за Албанците, Елфете Исмаили, на денешната прес-конференција одржана во седиштето на АА во Скопје, упати сериозни критики за влошената економска состојба во земјата, нагласувајќи дека владата не презела ниту една мерка за да го запре осиромашувањето на граѓаните. „Владата доживеа неуспех, а граѓаните се тие што ја плаќаат цената на економската криза. Растот …

Continue Reading

(Фото) Серена Вилијамс ја доведе својата фигура до совршенство: „Ова веќе не е истата личност“

По одлуката да го остави својот рекет во 2022 година, тенисерката Серена Вилијамс сврте нова страница. Таа поголемиот дел од своето време го посвети на семејството и на ќерките, кои ги доби во бракот со Алексис Оханијан, но и на промената на сопствениот имиџ. Покрај нејзината неверојатна сила, тениската кариера на Серена Вилијамс беше обележана и од нејзиниот физички изглед. …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Тренерот на Аталанта, Иван Јуриќ, заврши в болница

Поради проблеми со дишните патишта трнерот на Аталанта, Иван Јуриќ, заврши во болница. Хрватскиот стручњак, од неодамна тренер на Аталанта, мораше да оди во болница поради инфекција на грлото. Поради хоспитализацијата тренерот го пропушти првото собирање на екипата во летниот камп. Клубот соопшти дека состојбата на Јуриќ е подобра и се очекува да биде отпуштен од болница во наредните денови. …

Continue Reading

ДУИ: Една година „резултати“, но нула почит за албанскиот јазик, неприфатлива институционална дискриминација од Царинската управа

„Демократската Унија за Интеграција јавно и остро го осудува скандалозниот начин на кој Царинската управа го одбележа едногодишното раководење на новото раководство, целосно исклучувајќи го албанскиот јазик и албанските претставници од секоја комуникација, симболика и официјална содржина“, велат од ДУИ. „Една година „резултати“, но ниту еден збор на албански. Ниту еден текст, ниту еден наслов, ниту еден глас, ниту еден …

Continue Reading