Митрополитот Георгиј стапи на тронот на Дебарско-кичевската епархија, вети дека ќе служи со љубов и пожртвуваност

Со торжествена Божествена литургија во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“, архимандритот Георгиј денеска беше хиротонисан и устоличен за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Чинот го водеше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во присуство на бројно свештенство, владици од целата земја, верници и државни функционери. Новоназначениот митрополит Георгиј, пред членовите на Светиот синод и присутните верници, се завети …

Continue Reading

Фатен на снимка: Лице подметнува пожар во Делчево, па бега

Жителите на делчевската населба Први Реон на видео снимка забележале лице како подметнува пожар, а потоа со забрзани чекори го напушта местото. Настанот се случил во доцните вечерни часови на 9 јули, а видеото од надзорната камера, поставена во близина на критичниот потег, веќе е предадено на надлежните служби. Инцидентот првично бил пријавен од страна на загрижен граѓанин кој забележал …

Continue Reading

Украина собори 40 руски дронови, Русија возврати со 36 пресретнати над своја територија

На небото над Украина и над Русија се води сè поинтензивна беспилотна битка, Киев и Москва тврдат дека успешно ги неутрализирале најголемиот дел од ноќните напади. Во текот на ноќта меѓу 12 и 13 јули, украинските сили за противвоздушна одбрана собориле 40 од вкупно 60 дронови со кои Русија извршила напад врз украински цели, соопштија Воздухопловните сили на Украина. Според …

Continue Reading

Вреди со жесток напад: Институциите се претворени во приватна каса на функционерите на ДУИ

Од Вреди упатија жестоки критики кон ДУИ, обвинувајќи ги нивните функционери за систематска злоупотреба на институциите преку непотизам и вработувања на блиски роднини во највисокоплатените државни институции. „ДУИ не се плаши од нас, туку од редот, правдата и контролата што ги носиме. Нашата борба не е за власт, туку за права и еднаквост и тоа за секој граѓанин“, порачуваат од …

Continue Reading

МВР потврдува: Роднината убил две лица, фрлил бомба и пукал кон полицијата, па се самоубил

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако тројца членови на едно семејство, меѓу кои и 13-годишно дете, беа пронајдени мртви со повреди од огнено оружје, во куќа на роднина во центарот на градот. Министерството за внатрешни работи потврди дека се работи за сериозен безбедносен инцидент, во кој било фрлено и експлозивно средство врз полициски службеници. Настанот започнал во саботата вечер, околу …

Continue Reading

ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правук, па се самоубил

Обвинителството откри детали од вчерашната трагедија во Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа лоцирана во центарот на градот, каде беа пронајдени телата на 11-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години. Според првичните сознанија од истрагата, трагедијата започнала поради семејни недоразбирања и нерешени имотно-правни односи. Како што информираат од …

Continue Reading

Финале за историја, ПСЖ и Челзи во судир за светската круна

Европскиот шампион Пари Сен Жермен и актуелниот освојувач на Конференциската лига, Челзи, ќе се борат за титулата на првото издание на Светското клупско првенство во новиот формат со 32 екипи, што се одржува во Соединетите Американски Држави. Финалето ќе се игра вечерва од 21 часот (по македонско време) на легендарниот стадион „Метлајф“ во Њу Џерси, каде фудбалска елита од цел …

Continue Reading

Охридското лето се отвори, и уметноста прозборе – музиката и мајчинството во хармонија на Античкиот театар

Под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, синоќа величествено беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ со моќните ноти на Бернштајн, Гершвин и Имери. На сцената настапија реномираната американска пијанистка Клер Хуангчи и Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер, во програма која го одрази духот на фестивалското мото – „Трансформација на сетилата“. На репертоарот …

Continue Reading

Пијани, без појас, без дозвола, полицијата казни 128 возачи во Скопје

Во рамки на засилената сообраќајна контрола што ја спроведоа полициските службеници од СВР Скопје вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот, биле казнети вкупно 128 возачи за различни прекршоци. Контролата се одвивала на повеќе локации низ градот, а според информациите од Министерството за внатрешни работи, дел од прекршителите биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол, други возеле …

Continue Reading