Комбинирани патроли на терен за заштита од шумски пожари

Комбинираната патрола, спроведувајќи превентивни активности за заштита од шумски пожари, денеска беше на терен во Богородица. Составена од претставници на Општина Гевгелија, ОО Црвен крст- Гевгелија и доброволното Противпожарно друштво „Свети Спас“- Гевгелија, патролата разговараше со жителите на Богородица за важноста од навремени и одговорни превентивни мерки за заштита од шумски пожари. Во рамки на посетата, беа дистрибуирани едукативни флаери, …

Continue Reading

Апел до скопјани за рационална и совесна употреба на водата за пиење, повторно има енормна потрошувачка

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста дека се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, што предизвикува повторно нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот. Стабилизарање на водоснабдителниот систем се очекува …

Continue Reading

Сообраќајка кај Бит Пазар, возило удри во велосипедист

Автомобил удри во велосипедист на булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит Пазар. Според очевидци, велосипедистот е повреден, а на асфалтот имало траги од крв. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Continue Reading

(Видео) Кирков: Во ЗОО-Скопје се работи аматерски, бараме оставка од управата

Дел од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје направи посета на јавната установа Зоолошка градина, а тоа произлегува од последните случувања кои се случуваат во оваа јавна установа кадешто за помалку од месец дена загинаа повеќе животни, изјави советникот Стефан Кирков. „Сакаме да ја информираме јавноста дека ги побаравме одговорите од менаџментот на оваа установа, но како …

Continue Reading

Претстави, музика, изложба и стенд ап комедија оваа недела на Бит фест

Денес, 08.07 од 21:00 часот на Бит Фест, на Малото плато пред Офицерски дом гостува театарската претстава „Нушиќ лично“ на Народно позориште „Тимочке Крајине“. Театарската претстава доаѓа од фестивалот „Актерот на Европа“. На 09.07.2025 со почеток од 21:00 часот, на Малото плато пред Офицерски дом ќе се одигра театарската претстава „Сега му е мајката“, во продукција на Алтернативен театар „Пробатон“ …

Continue Reading

Усвоена Стратегија за соработка на Владата со невладиниот сектор 2025-2028

Денес на владина седница беше усвоена Стратегијата на Владата за соработка и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028 Стратегијата 2025–2028 е фокусирана на две приоритетни области: создавање поволна средина за функционирање и развој на граѓанското општество, како и зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации и јавните институции. „Овој документ е резултат на заедничка посветеност и отворен дијалог – …

Continue Reading

Муртезани: Посетата на Париз во знак на продлабочување на партнерството со Франција

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ја заокружи својата дводневна работна посета на Француската Република со низа значајни средби посветени на проширувањето на Европската Унија, билатералната соработка со Франција, како и регионалните и геополитичките случувања, во контекст на европската безбедност. Денеска во Париз, министерот Муртезани имаше состанок во Институтот „Жак Делор“, каде со Бенжамен Куто, истражувач специјализиран за европската политика …

Continue Reading

Дрога, дигитална вага и мобилен телефон пронајдени во ќелија во затворот во Гевгелија

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.П.(34) од с.Миравци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 28.01.2025 во Казнено поправната установа Затвор Гевгелија, затворската полиција извршиле претрес во просторија во установата, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и мобилен телефон …

Continue Reading

Монструм од Чегране (72) извршил обљуба врз 12-годишно девојче

Маж од Гостивар пријавил во полиција дека 72-годишен старец ја допирал неговата 12-годишна ќерка. Според информациите на МВР,  вчера во 15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го  лишиле од слобода А.Д.(72) од с.Чегране, гостиварско, постапувајќи по пријава од 34-годишен маж од Гостивар дека А.Д. во подрумска просторија на зграда во Гостивар извршил обљуба врз 12-годишната ќерка на пријавителот, односно …

Continue Reading