Земјотрес почувствуван во Валандово и Струмица

Сеизмолошката опсерваторија денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово. Земјотресот е со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Continue Reading

7 – 17 јули: Керамичка работилница за сите генерации, завршна изложба на 18 јули

Од денеска – 7 јули, заклучно со 17 јули 2025 година, во периодот од 11:00 до 13:00 часот, холот на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“ оживува со боите и формите на глината. Граѓани од различни генерации и со различни способности заедно ќе создаваат уметнички дела од овој жив материјал. Првата недела е посветена на инклузивно дружење и творење на …

Continue Reading

Oд полноќ поскап дизел и поевтин бензин

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,73% во однос на одлуката од 30.6.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,502%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 2,230%, кај екстра лесното …

Continue Reading

Температурите во следните денови ќе се спуштат и до 10 степени – УХМР со прогноза за времето

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до …

Continue Reading

(Видео) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе амандман во Собарнието со кој се бара финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во најголемата трагедија во поново време — пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 лица, а над 250 беа повредени со трајни последици. – Ова е еден од клучните амандмани поднесени на ребалансот на Буџетот, …

Continue Reading

(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода во гасење на пожарот кај Блаце

Во рамки на денешните активности, полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа во гасењето на шумскиот пожар во реонот на Блаце. Со два хеликоптера – Бел 412 и Агуста Бел 212, во текот на денот беа извршени 55 налети, при што беа исфрлени повеќе од 70 тони вода врз зафатеното подрачје. Интервенцијата …

Continue Reading

Минчев: Воведуваме нов, функционален систем за управување со човечки ресурси

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска на презентацијата на модернизираниот Информациски систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), упати јасна порака дека владеењето на нефункционалност, нетранспарентност и бирократски хаос завршува. Македонија влегува во нова ера на ефикасна и отчетна администрација. „Денес не претставуваме само софтверско решение, денес презентираме симбол на одлучност, на трансформација и на нова култура на управување …

Continue Reading

Мицкоски: Подаваме рака на домашните и странските инвеститори, не само декларативно, туку суштински

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Владата води активна и отворена политика кон привлекување инвестиции и градење економски развој базиран на стабилност, доверба и поддршка за стопанството. На средба со Советот за странски инвестиции, составен од претставници на водечки компании кои веќе имаат присуство во земјава, Мицкоски посочи дека Македонија се наоѓа во нова фаза на економска консолидација и раст. „Подаваме …

Continue Reading

Дилери од Кавадарци со возило бегале од полицијата, дрогата ја фрлиле преку прозорец

Полицијата поднесе кривична пријава за двајца кавадарчани, набавиле амфетамин во Скопје за да го продаваат во Кавадарци. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против С.С.(39) и Т.А.(38), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Според документираните сознанија, пријавените на …

Continue Reading