Многу топло време со температура до 41 степен, попладне услови за пороен дожд и грмежи

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. Во …

Continue Reading

Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост, велат од МЗ

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост. Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување …

Continue Reading

(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање активности во врска со гаснење на пожар во реонот на Блаце, се упатија со хеликоптерот Бел 412 за извршување на задачата. Во седум налети хеликоптерот исфрли 10 тони вода, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, извести МВР.

Continue Reading