Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција. Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште шест кандидати за градоначалници

Покрај кандидатурата на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за уште шестмина кандидати кои ќе влезат во градоначалничката трка на претстојните локални избори. Нивните имиња ги соопшти премиерот, Христијан Мицкоски, по состанокот. За Гази Баба повторно е кандидиран актуелниот градоначалник, Бобан Стефковски. За Карпош – Сотир Лукровски, кој доаѓа од приватниот сектор, а Мицкоски …

Continue Reading

Почнуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

Катар денес ќе биде домаќин на нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас во обид да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, изјави за АФП палестински извор запознаен со преговорите. „Медијаторите го информираа Хамас дека новата рунда индиректни преговори меѓу Хамас и Израел ќе почне оваа недела во Доха“, рече изворот, додавајќи …

Continue Reading

Расте бројот на мртви во поплавите во Тексас, се трага по 27 исчезнати девојчиња

Продолжува потрагата по исчезнати лица по катастрофалните поплави во централен Тексас, при што бројот на жртви се искачи на најмалку 50, вклучувајќи 15 деца, соопштија локалните власти. Посебно внимание е насочено кон 27 исчезнати девојчиња од летниот камп „Камп Мистик“ во округот Кер. Семејствата на четири девојчиња ја потврдија нивната смрт за „Си-ен-ен“, додека други родители живеат низ тешки моменти …

Continue Reading

Костовски: Голема нервоза во белата палата, клеветите не поминуваат

Во реакција на својот профил на Фејсбук на прес-конференцијата на Бране Петрушевски, кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, порача: „Голема нервоза во белата палата. Го извадиле Бране – човекот кој е директно против сиромашни работници и повисоки плати – да врти стари лаги и да ме клевети. Ама не кажа дека за истиве клевети веќе има и …

Continue Reading

Осимен реши да остане во Истанбул

Виктор Осимен донесе (не) очекувана одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Нигерискиот напаѓач имаше бројни понуди од клубови ширум светот, но сепак, одлучи да остане во Галатасарај. Осимен одби многу попрофитабилни понуди, како оние од Саудиска Арабија. Тој сакаше да остане во Европа и на крајот ќе го стори тоа, но не во најголемите европски лиги. Осимен и Галатасарај постигнаа …

Continue Reading

Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%. „Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај …

Continue Reading

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да поттикне јавна дебата. „Се извинувам на тие што можеби погрешно ја протолкуваа таа моја иницијатива, но факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во Македонија и факт е дека како претседател на Владата е моја одговорност да бидам …

Continue Reading

(Видео) Зубименди во Арсенал

Арсенал во неделата објави дека потпишал договор со шпанскиот фудбалер Мартин Зубименди. Дефанзивниот играч од средниот ред, кој играше 19 пати за шпанската репрезентација, е производ на младинската академија на Реал Сосиедад, а е член на првиот тим на баскискиот тим од 2018 година. За тимот од Аноета одигра 236 натпревари и постигна десет голови. Од неговиот трансфер, Сосиедад ќе …

Continue Reading