Гевгелија домаќин на стартот на кампањата „Безбедно во лето- Вози одморен“

Од граничниот премин „Богородица“ официјално започна летната едукативно-превентивна кампања на Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата „Безбедно во лето – Вози одморен“, насочена кон зголемување на безбедноста на патиштата за време на туристичката сезона. Настанот се одржа со активно учество на Општина Гевгелија, претставници од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот, Црвениот крст- …

Continue Reading

Муртезани-Старовиќ: изразена подготвеност за заедничко делување кон целосна европска интеграција на двете земји

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска на маргините на Самитот посветен на Планот за раст на ЕУ што се одржува во Скопје, оствари билатерална средба со министерот за европски интеграции на Република Србија, Немања Старовиќ. Во оваа прилика, Муртезани му честиташе на министерот Старовиќ за неодамнешното именување на функцијата и изрази уверување дека заедничките напори ќе продолжат со нова …

Continue Reading

Мемов: СДСМ се во паника по конгресот на ЗНАМ: тие не знаат поинаку освен да служат на ДУИ, на бегалецот Груби и на двоецот Заев-Филипче

СДСМ денес, повторно и очајно, се обиде да ја маскира сопствената безидејност и внатрешна распаднатост со кукавички, плиток и патетичен напад врз Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакнува портпаролот на партијата Никола Мемов. Според него, прес-конференцијата на нивниот гласноговорник, Мартин Костовски е неуспешен обид за дефокус по историскиот, силен и масовен Конгрес на Движењето ЗНАМ, кој испрати порака до …

Continue Reading

Тројца повредени меѓу нив и малолетник: „митсубиши“ управувано од 18-годишник излета од патот во Демир Капија

Синоќа во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот. Во несреќата,  со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен …

Continue Reading

Реформите и заедничкиот пазар се наш компас кон стабилност, единство и иднина, порача Муртезани од Самитот на лидерите за Западен Балкан

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на Панелот 2 на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст, кој се одржува во Скопје. Панелот, со наслов „Фокусирање на столбовите од Планот за раст“, се одржа во присуство на министри за европски прашања од Западен Балкан, високи претставници на Европската комисија, како и претставници на регионалните …

Continue Reading

Три автобуси и комбе опожарени во близина на бензинска пумпа во Кочанско

Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема. Полицијата соопшти дека во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Continue Reading

Ансу Фати во Монако

Foto/ X Ансу Фати, некогаш „чудо од дете“, ја напушти Барселона. Следната сезона ќе игра на позајмица во Монако. Клубот од Кнежевството се договори со Барса за едногодишна позајмица, по што ќе имаат можност да го откупат договорот на 23-годишниот напаѓач. Доколку одлучи да го направи тој чекор, Монако ќе плати 11 милиони евра за Фати. На крајот од минатата …

Continue Reading

Увид во градежните активности во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, донација од „Конти Хидропласт“

Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, д-р Патрик Матх и претставници од компанијата „Конти Хидропласт“ извршија увид во тековните градежни активности за реконструкција на две значајни болнички одделенија. Средствата за оваа реконструкција се обезбедени како донација од страна на општествено одговорната гевгелиска компанија „Конти Хидропласт“, а истата опфаќа комплетно …

Continue Reading

Јанев-Паулаускас: во фокусот борбата против тероризмот, организираниот криминал и нелегалната миграција

Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оствари конструктивна средба со генерал Арунас Паулаускас, генерален комесар на литванската полиција и Гинтаре Гајманаите, раководител на групата за меѓународна соработка, кои се дел од литванската делегација која е во посета на нашата земја. На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка, особено во насока заедничките безбедносни предизвици, како што …

Continue Reading