Се враќа од 90-тите: кафеавиот кармин е новиот хит на летото

Овој ретро класик, кој нè враќа во златните 90-ти и почетокот на 2000-тите, сега се враќа со стил – и освојува сè, од „Тик-ток“ до црвениот тепих. Природни нијанси, земјени тонови, вибрации на кафеав шеќер… кафеавиот кармин станува ваш нов омилен избор, без разлика дали излегувате на кафе, на состанок или на летен фестивал. Зошто кафеавата боја е толку модерна? …

Continue Reading

(Фото) Ќерката на позната актерка ја засени својата мајка: толку многу природна убавина на една слика

Џесика Алба и нејзината 17-годишна ќерка Онор се појавија во прекрасни комбинации на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција. Најстарата ќерка на актерката Џесика Алба (44), тинејџерката Онор, ги воодушеви сите со својата убавина на нејзината најнова фотографија објавена на Инстаграм, на која привлече поголемо внимание дури и од нејзината мајка. Додека нејзината мајка се смета за …

Continue Reading

Најстуден 30-ти јуни во Москва откако почнаа да се мерат температурите

Метеоролозите вчера во Москва го регистрираа најстудениот 30-ти јуни откако се мерат температурите. „Москва денес сруши рекорд: толку студен 30-ти јуни никогаш не е виден. Во нашиот главен град, последниот ден од јуни беше најстудениот во целата историја на главната метеоролошка станица. Во 15 часот по московско време, термометарот покажа само плус 12,6 степени“, напиша на Телеграм Евгениј Тишковец, висок …

Continue Reading

Трамп ги понитшти мерките воведени од Бајден за Куба

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп потпишал меморандум со кој се воспоставува строга американска политика кон комунистичка Куба и се поништуваат мерките наметнати од поранешниот американски претседател Џо Бајден. Со него ќе се воведе законска забрана за американски туризам во Куба, а воедно ќе се одржи економското ембарго врз земјата, соопшти Белата куќа. Иако Американците не можат да …

Continue Reading

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се става крај на изолацијата на земјата од меѓународниот финансиски систем. САД ќе можат да ги задржат санкциите против поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, неговите соработници, злоупотребувачите на човекови права, трговците со дрога, луѓето поврзани со употребата на хемиско оружје, Исламската …

Continue Reading

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време на бдение, соопшти израелско-арапска иницијатива. Родители кои самите ги изгубиле децата во војната во Газа, исто така, учествуваа во акцијата, соопшти организацијата „Standing Together“ на Икс. Бројот на луѓе кои учествуваа во тивкиот протест не е познат. Протестите во Газа …

Continue Reading

Дојава за бомба во авион на „Ер Србија“ во Црна Гора: уапсен е млад човек од Србија

Сообраќајот на аеродромот Тиват во Црна Гора вчера беше запрен поради дојава дека наводно е поставена бомба во авион на Ер Србија кој слета од Белград околу 18 часот. Информацијата ја потврди и компанијата Аеродроми Црна Гора, која исто така објави дека е покрената итна постапка за вакви случаи, дека авионот е изолиран, а патниците евакуирани, по што е извршена …

Continue Reading

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, …

Continue Reading

Италија ќе издаде половина милион визи за странски работници надвор од ЕУ во следните три години

Италија ќе издаде околу 500.000 нови работни визи за државјани на земји кои не се членки на ЕУ помеѓу 2026 и 2028 година, соопшти владата, како дел од стратегијата за проширување на легалните имиграциски патишта и одговор на предизвикот на недостигот на работна сила. Вкупно 164.850 лица ќе имаат дозвола да влезат во земјата следната година, додека се очекува вкупно …

Continue Reading