(Видео) Силни ветрови, грмотевици и град: невреме ја погоди Хрватска
Силно невреме погоди неколку делови од Хрватска во четврток вечерта. Го погоди и регионот на Загреб, за кој Државниот хидрометеоролошки завод (DHMZ) издаде црвено предупредување поради исклучително опасни временски услови. Ситуацијата беше особено тешка во Бродско-посавската жупанија. Дирекцијата за цивилна заштита утрово објави дека Окружниот центар 112 во Славонски Брод добил бројни пријави од граѓани во текот на ноќта поради …
Continue Reading
Ја давел, ја влечел по подот и ја удирал: обвинение за семејно насилство во Бутел
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при вршење семејно насилство, односно согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 54-годишник, во алкохолизирана состојба телесно ја повредил својата сопруга. Во семејниот дом на улицата ,,Бутелска“, на 20 јуни, тој најпрво влегол во …
Continue Reading
Постигнат договор меѓу САД и Кина? Ретки метали за Американците, помалку царини за Кинезите
САД постигнаа договор со Кина за тоа како да се забрзаат испораките на ретки земни метали во САД, изјави синоќа функционер на Белата куќа, во услови на напори за прекин на трговската војна меѓу најголемите економии во светот. Претседателот Доналд Трамп претходно изјави дека САД потпишале договор со Кина во средата, без да даде дополнителни детали, и дека може да …
Continue Reading
Запалил спирала против комарци па ја изгорел куќата во близина на Загреб
Вчера наутро во близина на Загреб избувна пожар во куќа во сопственост на 57-годишен маж, соопшти загрепската полиција. Истрагата утврди дека пожарот најверојатно избувнал поради пад на запалена спирала од комарци што била закачена на дрвен столб, од каде што пожарот се проширил на мебелот, кој бил целосно изгорен, на ѕидот од скалите и дел од покривот, се вели во …
Continue Reading
Венецијанската забава започна: Лорен заблеска во златен фустан, падна и бакнеж
Викендот на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција официјално започна – и тоа со стил. Двојката подготви гламурозна забава за добредојде за своите познати гости за четврток, 26 јуни, а сè се одржа во затворен манастир до црквата Мадона дел’Орто. Лорен Санчез за пригодата избра златен фустан со отворени рамена со корсетиран струк и богат барокен вез, …
Continue Reading
Сијарто: Украина погрешно мисли дека може да се приклучи на ЕУ без поддршката на Унгарија
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Министерството за надворешни работи на Украина погрешно мисли дека земјата може да се приклучи на Европската Унија без поддршката на граѓаните на ЕУ, вклучително и Унгарците. Сијарто рече дека украинското Министерство за надворешни работи вчера тврдело дека Унгарците немаат право да одлучуваат за кандидатурата на Украина за ЕУ, пренесува агенцијата МТИ. …
Continue Reading
Да го имавме на нишан, ќе беше елиминиран: Кац за врховниот лидер на Иран
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека за време на неодамнешниот дванаесетдневен вооружен конфликт со Иран, Израел се обидел да го елиминира врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, но дека оперативната можност за тоа не се појавила. „Да беше на наш нишан, ќе го елиминиравме“, рече Кац во интервју за израелскиот Канал 13, наведувајќи дека Израел интензивно го …
Continue Reading
ЕУ ги продолжува санкциите кон Русија
Лидерите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) го поддржаа обновувањето на секторските санкции против Русија за уште шест месеци, до јануари 2026 година. Рокот за продолжување на секторските санкции е 31 јули, а овој договор еден месец пред рокот е доста изненадувачки, со што се избегнува нова драма со Унгарија, која постојано се заканува дека ќе одбие да даде согласност …
Continue Reading
Масовни напади од двете страни: Украина испрати дожд од беспилотни летала кон Волгоград, Русија тргна кон Запорожје
Ноќниот напад на руски беспилотни летала врз Запорожје предизвика серија пожари и штети на индустриски згради и гаражни објекти, објави денес Укринформ. Шефот на регионалната администрација на Запорожје, Иван Федоров, ја информираше јавноста преку Телеграм за нападот, во кој беа погодени најмалку шест различни локации во регионалниот центар, објави Укринформ. Според него, руски беспилотни летала погодиле индустриско претпријатие и територија …
Continue Reading