Небото над Блискиот Исток по нападот на САД

Авионите продолжија да избегнуваат големи делови од Блискиот Исток денеска по американските напади врз иранските нуклеарни постројки, според сајтот за следење летови „Флајт Радар 24“, при што сообраќајот веќе се заобиколува во воздушниот простор на регионот поради неодамнешните меѓусебни ракетни напади на Израел и Иран. „По американските напади врз иранските нуклеарни постројки, комерцијалниот сообраќај во регионот функционира под новите ограничувања …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите за градоначалници во СДСМ се деца на Заев

Социјалдемократскиот сојуз и Филипче продолжуваат да работат во интерес на нивниот вистински лидер Заев, откако кандидати за градоначалници станаа децата на Заев, кои во негово време беа трет и четврт ешалон во партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „СДС и Филипче слепо го слушаат нивниот ментор и сè уште тој им ја води партијата и си става луѓе на позиции …

Continue Reading

Демократите: На ниту еден претседател не треба да му се дозволи да ја турка нацијата во војна

Водечките американски демократи остро ја критикуваат одлуката на претседателот Доналд Трамп да нападне цели во Иран, доведувајќи ја во прашање законитоста на таа воена акција. „Ниту еден претседател не треба да смее еднострано да ја турка оваа нација во нешто толку значајно како војна“, рече лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер. „Републиканецот Трамп мора да одговара пред Конгресот и …

Continue Reading

Ирански ракети погодија згради во Тел Авив

Иран го погоди Израел со најмалку два брана проектили по американскиот напад во текот на ноќта врз клучните центри на иранската нуклеарна програма. Израелските служби за итни случаи соопштија дека најмалку 16 лица се повредени во иранските ракетни напади на израелска територија. Во Тел Авив шест лица со полесни повреди се евакуирани од оштетена зграда, соопшти израелската полиција. Потрагата по …

Continue Reading

Агенцијата за храна контра кочанскиот градоначалник по видеото со пицеријата

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува, како што вели, обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби. „Професионално, АХВ не навлегува во ингеренциите на други иституиции, но, за наводите на …

Continue Reading

Детали за американскиот напад на Иран: Користеле и подморници, контактирале со Иранците со порака

Американски воени авиони и подморници нападнаа три клучни нуклеарни постројки во Иран во раните утрински часови во неделата, што ја вовлече американската војска директно во војната против Иран и ги зголеми стравувањата дека нападите би можеле да предизвикаат опасна ескалација на Блискиот Исток, пишува „Њујорк Тајмс“. Претседателот Доналд Трамп рече дека целта на нападот била да се уништат капацитетите на …

Continue Reading

Кадар на ДУИ е именуван за заменик директор на Агенцијата за национална безбедност, објави Левица

Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го именувала Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Бесник Ферати како кадар на ДУИ беше заменик и на претходниот директор Еролд Муслиу кој го следа бројни скандали, а за кои ревносно реагираа токму и од сега владејачката ДПМНЕ, соопшти политичката партија Левица. „Иако Законот јасно наведува дека директорот и …

Continue Reading

Иран истрела проектили кон Израел по американскиот напад

Војската на Израел објави дека два брана проектили биле истрелани кон Израел од Иран по американскиот напад во текот на ноќта врз клучните центри на иранската нуклеарна програма. Сирените за воздушен напад се вклучија во Ерусалим и Тел Авив, а новинарите на „АФП“ објавија дека слушнале силни експлозии. Дописникот на „Би-Би-Си“ од Ерусалим, Хуго Бачега, јави дека над градот се …

Continue Reading

Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, го прогласи американскиот напад врз Иран за „опасна ескалација во регион кој веќе е на работ“, нагласувајќи дека тоа е директна закана за меѓународниот мир и безбедност. „Постои се поголем ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола, со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот“, рече Гутереш. „Во овој опасен момент, клучно …

Continue Reading