Патот од Подмоље до Охрид од вечерва ќе биде пуштен за сообраќај
Од вечерва ќе се пушти во сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево -Охрид, информираат од Министерството за транспорт. По тој повод вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница. Констатирано беше дека изградбата на автопатот се …
Continue Reading
Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош
Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја нападнал својата сопруга. Нападот се случил вчера, а мажот бил во алкохолизирана состојба. Тој првин ја навредувал сопругата, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата. „Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да …
Continue Reading
Северна Македонија заслужува членство во ЕУ – Пленковиќ и Мицкоски разговарале по телефон
Хрватска ќе продолжи силно да ја поддржува Северна Македонија, која заслужува членство во ЕУ, му рекол хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на својот македонски колега, Христијан Мицкоски. Двајцата разговарале телефонски, а станало збор за понатамошната динамика на европскиот пат на Северна Македонија, како и за претстојниот Извештај за напредокот и ситуацијата во Југоисточна Европа, информираше Пленковиќ на социјалните мрежи по разговорот со …
Continue Reading
СДСМ: Со фирма без вработени РЕК Битола потпишала спогодба за чистење, управителот – молер со кривична историја во Германија
Обвинувања за раководството во РЕК Битола упати Методија Илиевски од СДСМ во изјава за медиумите и го повика Обвинителството да отвори постапка. Тој рече дека она што се случува во РЕК Битола не е никаква саботажа, туку корупција од епски размер и местење на тендери за неспособни партиски фирми. „Суштината на скандалот е следна, новото раководство на РЕК Битола, поставено …
Continue Reading
И ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да го провери случајот со сертификатот на Христовски, а ако не е вистина СДСМ да се извини
И владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да го провери случајот со сертификатот на Христовски, а доколку испадне дека нема вистина, СДСМ јавно да се извини. Реакцијата следи по прес-конференцијата на Социјалдемократите на која беше побарано од ОЈО повторно да го истражи случајот со сертификатот за англиски јазик на директорот на АНБ, Бојан Христовски. ВМРО-ДПМНЕ повтори дека судиите и обвинителите се …
Continue Reading
ЗНАМ очекува до крајот на месецот да ги заврши преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна поддршка на некои кандидати за градоначалници
ЗНАМ на локлните избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници. Со ВМРО-ДПМНЕ преговара за поддршка на кандидатите за градоначалници во некои општини. Портпаролот на партијата Никола Мемов, рече дека во тек се разговори со нивниот владин партнер ВМРО-ДПМНЕ и очекуваат тие разговори да завршат кон крајот на месецот. „Разговараме за повеќе општини, дефинирано е …
Continue Reading
Арсенал го заврши трансферот на Зубименди
Фудбалскиот клуб Арсенал наскоро ќе го комплетира првиот трансфер во летниот преоден рок. Како што се најавуваше во изминатите два месеци, во тимот на Микел Артета доаѓа Мартин Зубименди. Шпанскиот репрезентативец, пристигна во Лондон за да го комплетира својот трансфер од Реал Сосиедад во Арсенал, објави „Атлетик“. 26-годишниот играч од средниот ред треба да ги договори деталите пред договорот официјално …
Continue Reading
Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага
Обвинителството покрена истрага за помагање за вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше посочен oд Велибор Манев како човекот кој го зел ранецот со пиштолот и моторите – клучни докази за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. „Согласно исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со прикривање на орудијата …
Continue Reading
Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврди дека насилството во Советот на Општина Кочани што се случи пред два дена е сценарио за дестабилизација кое што актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче и неговиот претходник, Зоран Заев, го смислиле во Дубаи. Пратеникот Бране Петрушевски рече дека доказ во таа насока е и тоа што Филипче досега не побарал оставка од Акиов. „Тоа што Филипче не …
Continue Reading