Митровиќ на радарот на Реал Мадрид
По повеќе од три години, српскиот фудбалер би можел да се врати во Европа, ни помалку ни повеќе, туку во редовите на Реал Мадрид. Како што пишуваат помалку познатите шпански медиуми, новиот тренер на Реал, Чаби Алонсо, бара напаѓач, кој би бил „џокер од клупата“, како што беше Хоселу пред една година. Медиум близок до мадридскиот гигант тврди дека еден …
Continue Reading
Дефанзивец на Верона го засили Брајтон
Италијанскиот фудбалер Диего Копола е нов играч на Брајтон, објави англискиот клуб. 21-годишниот дефанзивец потпиша петгодишен договор, клубот не објави други детали од договорот. Копола кариерата ја започна во младинската академија на Верона, за која дебитираше во 2021 година, и досега има 81 настап и постигнато четири гола, два во претходната сезона во која запиша 35 натпревари. „Диего е големо …
Continue Reading
Евакуирани првите македонски државјани од Израел
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром. Станува збор за осум лица, четири деца и четири возрасни, кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде со авион во сопственост на …
Continue Reading
МОН го зголемува бројот на ученици во средните стручни училишта
МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки, информира Министерството за образование. За …
Continue Reading
Се огласи ајатолахот Али Хамнеи: Иран никогаш нема да се предаде
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, напиша дека Иран никогаш нема да им се предаде на ционистите во серија објави на социјалната мрежа X. „Нема да имаме милост кон ционистите“, гласи преводот на една од објавите. Друг гласи: „Битката започнува“. Ова се првите јавни изјави на Хамнеи откако американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД знаат каде е иранскиот лидер, …
Continue Reading
Амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена до петок
Амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена од среда до петок поради безбедносната ситуација во регионот и во согласност со израелските упатства, објави американскиот Стејт департмент. „Во светлината на безбедносната ситуација и во согласност со упатствата на израелската команда на внатрешниот фронт, амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена од среда, 18 јуни, до петок, 20 јуни. Ова …
Continue Reading
Израел им забрани на граѓаните да ја напуштаат земјата со авион
Израел им забрани на своите граѓани да ја напуштат земјата со авион, наведувајќи безбедносни причини по ескалацијата на непријателствата со Иран, според блискоисточните медиуми. Според израелскиот „Хаарец“, владата им наредила на домашните авиокомпании да не им дозволуваат на израелските граѓани да се качуваат на летови, додека стравувањата од можни ирански одмазднички напади врз израелските аеродроми растат. Аеродромот „Бен Гурион“, главниот …
Continue Reading
Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека премиерот Христијан Мицкоски, на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, имал слаб говор и лоши пораки и дека Мицкоски признал дека ништо не направил, ама „допрва ќе работел“. „Добро е што Мицкоски сфатил дека народот има очи да гледа и памет да размислува. Свесен е дека не му поминуваат лагите кои четврта година како …
Continue Reading
Мицкоски: Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба
ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци, се бореше за својот идентитет, за слобода, за правда. Ние сме оние кои што ја продолжуваме таа светла и чесна мисија, кои не ги забораваме корените, ни темелите на кои е изградена македонската државност. Не треба никој да заборави дека …
Continue Reading