Трамп: Или ќе направиме фер договор со ЕУ или ќе ни платат
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Европската унија допрва треба да го понуди она што тој го смета за фер договор. Трамп истакна дека Јапонија е „тврда“ во трговските преговори, додавајќи дека министерот за финансии Скот Бесент останал на состанокот на Г7 во Канада. Трамп претходно го напушти состанокот на Г7. Обраќајќи им се на новинарите на враќање во …
Continue Reading
При ископ во село Калишта пронајдена експлозивна направа
Вчера во 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека при ископ во село Калишта, струшко, била пронајдена експлозивна направа. Екипа од ОВР Струга и пиротехничар од Дирекцијата за штита и спасување извршиле увид и било констатирано дека се работи за артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната.
Continue Reading
Кремљ: Конфликтот меѓу Израел и Иран е на пат на галопирачка ескалација
Кремљ денеска предупреди дека конфликтот меѓу Израел и Иран е на пат на галопирачка ескалација, повикувајќи ги сите страни на воздржаност. Портпаролот на Кремљ рече дека Русија во моментов не ја гледа подготвеноста на Израел за посредување или мирно решавање на конфликтот. Русија, исто така, им нуди на своите граѓани можност за евакуација од Иран преку Азербејџан поради зголемените тензии.
Continue Reading
Малолетник истепан во парк во скопски Аеродром
На 13.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишниот А.Р. од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Д. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
„Aуди“ излетало надвор од патот Куманово-Свети Николе, три лица со тешки повреди пренесени на Клиника
Вчера околу 11.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки“, управувано од В.К.(42) од село Кучкарево, кумановско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и две сопатнички К.К.(31) и Л.К.(19), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од …
Continue Reading
Најуспешните ученици од општина Илинден на летен камп во Охрид
И ова лето, Општина Илинден го организира традиционалниот училишен летен камп, како награда за најуспешните ученици од општинските основни училишта. Избраната група на талентирани млади оваа година уживаат во престојот во еден од најпознатите туристички центри во земјава – градот Охрид. Проектот е дел од Програмата за работа на градоначалникот Александар Георгиевски и Стратешкиот план за развој на Општина Илинден …
Continue Reading
Азербејџан ќе ја засилува соработката со Македонија за снабдување со гас – Гаши се сретна со Алиев
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, на која беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји и беше нагласена потребата за дополнително продлабочување на меѓусебната соработка. Официјалната посета што се реализира од 17 до 19 јуни 2025 година, претседателот Гаши ја оствари на покана на претседателката на Националното собрание на Република Азербејџан, …
Continue Reading
Скопјанка пронајдена мртва во својот дом
Денеска во 00.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бит Пазар била пронајдена почината 70-годишната Х.К. од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатира смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Continue Reading
Возел пијан и предизвикал сообраќајна несреќа: уапсен скопјанец
Вчера во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 32-годишниот Д.З. од Скопје. На улицата „Христо Татарчев“, тој со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(33) од село Сопиште, скопско. Во несреќата …
Continue Reading