Договорен е најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата
По долги преговори, Ливерпул и Баер Леверкузен го договорија трансферот на Флоријан Вирц. Германскиот и англискиот клуб го потпишаа најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата, вреден 136,3 милиони евра, според англиските и повеќето европски медиуми и фудбалски инсајдери. Договорот, исто така велат, е дефинитивно склучен, и сè што останува е двата клуба да го официјализираат договорот. Ливерпул ќе му …
Continue Reading
Нови противпожарни апарати поставени во сите училишта и градинки во Општина Карпош
Општина Карпош издвои 1.440.000 денари за набавка на нови противпожарни апарати, наменети за сите основни училишта и детски градинки на територија на Карпош. По тој повод, градоначалникот Стевчо Јакимовски, денеска беше во обиколка на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, каде непосредно ја констатираше фактичката состојба со оваа училишна установа од аспект на безбедноста. „Шест месеци пред трагедијата во Кочани, Дирекцијата за …
Continue Reading
16 јуни: Фолклорен концерт на првата група и ветерани од „Бојмија“
Ансамблот за традиционални игри и песни „Бојмија“ ќе го одржи својот трет и последен од серијата концерти за одбележување на успешната сезона, на 16 јуни 2025 (понеделник), со почеток во 20:00 часот, во Народниот театар во Гевгелија. На концертот ќе настапат првиот состав на Ансамблот- возрасната група, како и членовите од ветеранската група, кои со својата посветеност и љубов кон …
Continue Reading
Претставата „12“ на МНТ добитник на три награди на МТФ „Војдан Чернодрински“
На овогодинешниот 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ претставата „12“ е добитник на три награди. Жири-комисијата, во состав: Лилија Абаџиева – театарска режисерка и педагог, претседателка на жирито; Нела Оташевиќ – продуцентка во Црногорско народно позориште и Иван Меденица – театролог и универзитетски професор, ги додели: наградата за уметничко остварување во целина и специјална награда за колективна игра за претставата „12“, како …
Continue Reading
Предупредување за земјоделците од АД МЕПСО
АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. Од исклучително значење е земјоделците да се придржуваат кон следните напаствија: – Не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под …
Continue Reading
Полицајците во „Пулс“ не презеле мерки да спречат активирање на пиротехниката, чие палење не било пријавено во полиција
Истрагата за пожарот во Кочани, вчера беше проширена за уште 13 полицајци. Според информациите на МВР, тие одобриле план за акциска контрола без да проверат дали ги има опфатено сите проверки во надлежност на МВР и, исто така, не презеле мерки да спречат активирање на пиротехниката, чие палење не било пријавено во полиција. Против нив е поднесена кривична пријава за „тешки …
Continue Reading
„Гевгелија на пикник“- 15 јуни, на Динќут
Во рамки на програмата за „Гевгелија град на култура за 2025 година“, Здружението на граѓани „АРТ УМ 023“ организира рекреативно-забавен настан под наслов „Гевгелија на пикник“. Настанот кој ќе се одржи на 15 јуни 2025 година (недела), на локалитетот „Динќут во Гевгелија, со почеток во 12:00 часот, е замислен како дружење на отворено, во природа, со богата програма која вклучува …
Continue Reading
Пипо по 34 години ја врати Пиза во Серија А па го напушти клубот
Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, сега тренер, Филипо Инзаги, ја напушта клупата на Пиза еден месец по историската промоција во Серија А, објави клубот во петокот. „Договорот на Инзаги, кој траеше уште две години, беше спогодбено раскинат“, објави тосканскиот клуб. Се очекува 51-годишникот, како што тврдат медиумите ќе го преземе Палермо. Палермо наводно ѝ платил на Пиза речиси милион евра …
Continue Reading
Потпишан договор за стратешко партнерство со Унгарија
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во еднодневна посета на Македонија престојуваше унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто. Посетата беше заокружена со потпишување на Договор за стратешко партнерство помеѓу владите на двете земји. „На средбата, двајцата министри се осврнаа на одличните билатерални односи, изразувајќи заемно задоволство од интензивниот политички дијалог …
Continue Reading