(Видео) Грета Тунберг го обвини Израел за киднапирање по депортацијата

Грета Тунберг го обвини Израел дека ја киднапирал неа и нејзините пропалестински активистички поддржувачи во меѓународни води, велејќи дека одбила да потпише документ со кој потврдува дека нелегално влегла во земјата пред да биде депортирана, објави Ројтерс. Зборувајќи во зоната за пристигнувања на парискиот аеродром Шарл де Гол откако беше депортирана од Израел, шведската активистка рече дека таа и нејзиниот …

Continue Reading

Пратеничката Мимоза Муса на 73. КОСАК конференција во Варшава

Пратеничката Мимоза Муса, членка на Комисијата за европски прашања, учествува на 73. Конференција на комисиите за европски прашања на Парламентите на земјите членки на Европската Унија (КОСАК), која се одржува од 8 до 10 јуни 2025 година во Варшава, Република Полска. Конференцијата се одржува во Сејмот на Република Полска, а учество земаат претставници на Парламентите од земјите членки и кандидатите …

Continue Reading

Русија призна дека нејзиниот „мировен меморандум“ е ултиматум што Киев нема да го прифати, вели Зеленски

Руските преговарачи директно ѝ кажаа на украинската делегација дека нивниот таканаречен „меморандум за мир“ е всушност ултиматум што Киев не може да го прифати, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за унгарскиот медиум „Валаш онлајн“, објавено денес, пренесе „Киев Индепендент“. „Тие ѝ кажаа на нашата делегација дека знаат дека тоа е ултиматум“ „Тие дури ѝ кажаа на нашата делегација: …

Continue Reading

Арсенал илегално оружје и муниција пронајдени кај скопјанец, поведена истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик. При претрес во домот во кој престојувал осомничениот 29-годишник на улицата “Благоја Паровиќ” во Скопје, било пронајдено поголемо количество огнено оружје, муниција и …

Continue Reading

(Видео) „УМС фатени во лага – законот за пиротехника е прекрешен, а Тошковски молчи“, велат од СДММ

„Откако ја предизвикаа згрозеноста кај младите со срамната журка со пиротехника додека Македонија тагува за изгубените млади животи во Кочани, од УМС се обидоа да се оправдаат со тврдење дека не било потребно да го пријават палењето факли. Но, се фатија во лага. Сами се дозакопаа“, кажа Виктор Ѓошев од СДММ. „Законот е јасен. Согласно член 39 од Законот за …

Continue Reading

(Фото) Кривична против 29-годишен скопјанец: нелегално поседувал автоматска пушка и друго оружје и муниција, а ја истепал и сопругата

СВР Скопје – Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи” по член 396 и „телесна повреда” по член 130 од Кривичниот законик. На 08.06.2025 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР …

Continue Reading

(Фото) Директорот на БЈБ Јанев на показна вежба во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“

Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев присуствуваше на показната вежба во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ на полициските службеници за прием во ЕБР кои успешно ја завршија шестмесечната обука. На вежбата беа презентирани тактики и техники од доменот на јавниот ред и мир и полициски операции во урбана средина, воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем …

Continue Reading

Со концерт на „Леб и сол“ на 𝟤𝟨 јуни започнува „Бит фест“

Со концерт на македонската музичката група „Леб и сол“, на 26-ти јуни, во античкиот локалитет „Хераклеја“, ќе започне 17. издание на Битолското културно лето. На денешната прес-конференција, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека „БИТ ФЕСТ“ оваа година ќе трае до 31 август и ќе содржи културни содржини кои ќе бидат вистинска атракција за битолчани, но и добра можност …

Continue Reading

Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, добитник на Рациновото признание за 2025 година

Романот-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ (Арс Либрис, дел од Арс Ламина – публикации), кој излезе од печат во март оваа година и чијашто промоција го отвори второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, е годинашниот добитник на наградата Рациново признание, што ја доделува општината Велес во рамките на манифестацијата Рацинови средби. Свеченото доделување на наградата …

Continue Reading