(Видео) Кузеска: Масовна и груба партизација, објавуваме список за 50 партиски вработувања во РЕК Осломеј
Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува масовна, бртутална партизација на институциите преку нова серија вработувања со партиски списоци, рече денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Таа истакна дека свиркачи до СДСМ доставиле интерен список за вработување на 50 лица во РЕК Осломеј и додаде дека „на списокот има членови на општински комитети, но и роднини на активисти на ВМРО-ДПМНЕ“. „Без …
Continue Reading
46-годишна жена физички нападната од својот партнер
Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил …
Continue Reading
Приведени двајца битолчани со пиротехника на натпреварот Вардар – Пелистер
Двајца битолчани биле приведени од страна на полицијата за време на синоќешниот ракометен натпревар меѓу Вардар 1961 и Пелистер, што се одигра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Како што информира Министерството за внатрешни работи, приведени се П.Д. (26) и Д.А. (23), зашто кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Според МВР, против двајцата се поднесени поднесоци по …
Continue Reading
(Фото+видео) Нереди во Лос Анџелес по рациите против имигранти, Трамп вели дека ќе ги забрани маските на протестите
Американскиот претседател Доналд Трамп ја забрани употребата на маски на протестите и ја пофали Националната гарда во Лос Анџелес по серијата насилни судири меѓу демонстранти и агенти на службата за имиграција и царинска контрола на САД за време на викендот. Американскиот претседател во објава на социјалната мрежа truth social им се заблагодари на припадниците на Националната гарда. „Одлична работа на …
Continue Reading
(Видео) Индустрискиот регион Дњепропетровск погоден од дронови, артилерија и ракетни фрлачи
Во руските напади извршени во текот на ноќта врз централна Украина загинаа пет лица, а причинета е значителна материјална штета, соопштија регионалните власти во неделата. Индустрискиот регион Дњепропетровск беше нападнат со дронови, артилерија и ракетни системи, при што беа уништени објекти и електрични далекуводи, пренесува „Киев Пост“. „Напаѓачите го гаѓаа Синелниковскиот округ со наведувана воздушна бомба. Еден маж загина“, изјави …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Ница, Франција, каде ќе учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3). За време на конференцијата Сиљановска-Давкова ќе присуствува на приемот во чест на високите гости организиран од претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Таа ќе биде дел од церемонијата на отворање на Декадата за криосферски науки, во …
Continue Reading
„Најдете си друг селектор ако не ви се допаѓа играта“
Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикс, пред квалификацискиот дуел со Албанија во Тирана, најавуваше победа на неговата репрезентација, на крајот беше и повеќе од задоволен со освоениот бод. Голманот на Челзи, кој минатата сезона бранеше на позајмица во Стразбур, Ѓорѓе Петровиќ, се претоври во апсолутен херој на Србија, откако на истекот на првиот дел го одбрани пеналот што го изведе Манај. …
Continue Reading
Локални избори во Заечар и Косјериќ
Денеска во Заечар и Косјериќ се одржуваат редовни локални избори, на кои се избираат советници во општинските совети на овие две локални самоуправи. Гласачките места се отворија утрово во 7:00 часот, а се затворија во 20:00 часот. Осум изборни листи учествуваат на изборите во Заечар и три во Косјериќ. Изборниот молк ќе трае до затворањето на гласачките места. Министерот за …
Continue Reading
Италија одржува референдум за државјанство и работнички права, Мелони повика на бојкот
Италијанците денеска и утре гласаат на референдум за ублажување на правилата за државјанство и зајакнување на законите за труд, а владата на Џорџија Мелони се спротивставува на обете промени и ги повикува луѓето да се воздржат. Референдумот има за цел да ги олесни правилата за државјанство, при што возрасните жители кои не се членки на ЕУ ќе можат да аплицираат …
Continue Reading